наука и технологија

Кина лансираше четири технолошко-експериментални сателити

- Денес Кина со една ракета во вселената лансираше четири технолошки сателити за експериментирање

Riyaz Khaliq   | 20.02.2020
Кина лансираше четири технолошко-експериментални сателити

АНКАРА 

Кина денес со една ракета во вселената лансираше четири технолошки сателити за експериментирање, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Носечката ракета ‘Лонг марш 2Д’, која ги носи сателите, беше лансирана во вселената од сателитскиот Центар за лансирање „Шјичанг“ околу 05:07 часот по локално време“, јавува кинеската телевизиска мрежа КГТН (CGTN).

Сателитите именувани Ц, Д, Е и Ф ќе спроведат експерименти во технологијата за набљудување на земјата.

Според кинеската телевизиска мрежа, истражувачите откриле дека сателитите непречено влегле во планираната орбита и дека „мисијата е успешна“.

Ова беше 326. мисија на вселенско летање на серијата „Лонг марш“.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека минатиот септември Кина го лансирала сателитот „Јунхаи-1 02“ за откривање на атмосферската и поморска средина и на вселенското опкружување, како и за контрола на катастрофи и други научни експерименти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın