наука и технологија

Индија следниот месец ја започнува втората мисија на Месечината

Челникот на Индиската вселенска истражувачка организација (ISRO), рече дека „Чандрајан-2“ ќе носи 13 научни сателити и ќе го истражува јужниот дел од Месечината

Ekipa   | 12.06.2019
Индија следниот месец ја започнува втората мисија на Месечината

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија ќе ја започне својата втора лунарна мисија, „Чандрајан-2“, на 15 јули, соопшти денес шефот на Индиската вселенска агенција, пренесува Anadolu Agency (AA).

На прес-конференцијата по повод мисијата, К Сиван, челникот на Индиската вселенска истражувачка организација (ISRO), рече дека „Чандрајан-2“, кој тежи 3,8 тони, ќе носи 13 научни сателити и ќе го истражува јужниот дел од Месечината.

Тој понатаму истакна дека целта е примена на вселенската технологија во корист на обичниот човек.

Според локалната телевизија NDTV, по лансирањето, на сателитот ќе му требаат неколку недели пред долго очекуваното „меко“ слетување на Јужниот Пол на Mесечината - подрачје кое не било посетено од ниту едно вселенско летало.

„Слетувањето ќе се случи или на 6 септември или на 7 септември, тој ден е почеток на лунарниот ден. За еден цел лунарен ден, ландерот (модулот за слетување) и роверот ќе функционираат и ќе спроведуваат научни експерименти“, рече Сиван.

„Чандрајан-2“ има три модули: Орбитер, Ландер (Викрам) и Ровер (Прагјан). Според Индиската вселенска истражувачка организација, Роверот ќе биде сместен во Ландерот.

На Орбитерот ќе има осум инструменти, но нема конкретни информации за инструментите што ќе ги носи. Шестиот инфрацрвен спектрометар за слики (IIRS) на НАСА ќе биде дел од Орбитерот.

Индиската вселенска истражувачка организација ги сподели и првите фотографии од лендерот и роверот на „Чандрајан-2“ во нејзиниот објект во Бенгалуру, од етапата за тестирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın