наука и технологија

Етиопија ќе го лансира својот прв сателит во вселената

Етиопија има потреба од сателит со цел да ги намали негативните ефекти на глобалните климатски промени со кои се соочува во последните години

Tufan Aktaş   | 02.12.2019
Етиопија ќе го лансира својот прв сателит во вселената Фото: Илустрација

ИСТАНБУЛ (АА) - Етиопија ќе го лансира својот прв сателит во рамки на вселенската програма што ја води во рамките на своите финансиски можности, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Д-р Соломон Билај, директор на Институтот за вселенска наука и технологија, во изјава за Етиопската новинска агенција (ЕНА) истакна дека првиот сателит, кој ќе биде користен во областа на земјоделството и рударството, ќе биде лансиран на 17 декември.

Билај нагласи дека благодарение на овој сателит ќе бидат елиминирани годишните трошоци за сателитски снимки во вредност од околу 12 милиони долари, и дека сателитот именуван како „ETRSS-1“ ќе биде лансиран од Кина.

Тој рече дека овој сателит ќе биде контролиран од група инженери од опсерваторијата „Ентото“, која ќе се формира во главниот град Адис Абеба.

Инаку, оваа источноафриканска земја, која поголемиот дел од своите приходи ги добива од земјоделството и сточарството, има потреба од сателит со цел да ги намали негативните ефекти на глобалните климатски промени со кои се соочува во последните години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın