наука и технологија

Египет: Откриен „изгубениот златен град“ стар 3.000 години

Пронаоѓањето на градот би можело да се смета за второ најважно археолошко откритие по гробницата на Тутанкамон

Ekipa   | 11.04.2021
Египет: Откриен „изгубениот златен град“ стар 3.000 години

ЛУКСОР (АА) - Египетската управа за антиквитети објави дека е пронајден антички град стар 3 илјади години, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Управата, античкиот град познат како Атем се верува дека е основан од кралот Аменхотеп III и претставувал најголемиот административен и индустриски град во Луксор за време на египетската империјална ера.

Во текот на ископувањата, во просториите од античкиот град пронајдени се предмети што се користеле во секојдневниот живот.

Се верува дека пронаоѓањето на градот би можело да биде второ најважно археолошко откритие по гробницата на Тутанкамон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın