наука и технологија

Во Јужна Америка пронајден фосил на желка со големина на автомобил

Фосилите на желката Stupendemys geographicus за која се верува дека живеела во периодот од пред седум до 13 милиони години, пронајдени се во пустината Татакоа, во Колумбија, и во регионот Урумако во Венецуела

Muhammet Nazım Taşcı   | 13.02.2020
Во Јужна Америка пронајден фосил на желка со големина на автомобил

АНКАРА (АА) - Фосили на желка со големина на автомобил пронајдени се на подрачјето на Јужна Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Фосилите на желката Stupendemys geographicus за која се верува дека живеела во периодот од пред седум до 13 милиони години, пронајдени се во пустината Татакоа, во Колумбија, и во регионот Урумако во Венецуела, јави „Би-би-си“ (BBC).

Првите фосили на овој вид желка пронајдени се во 1970 година, но и понатаму останаа многу мистерии во врска со ова животно долго 4 метри.

Се претпоставува дека овие животни, со величина и тежина на автомобил, живееле во големите мочуришта во северниот дел на Јужна Америка и тоа пред да настанат реките Амазон и Ориноко.

Научниците истакнуваат дека пронашле оклоп долг три метри и долна вилична коска што дава информации за начинот на исхрана на овие животни. Сметаат дека џиновските желки живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и дека се хранеле со помали животни, растенија, овошје и семки.

Истражувачите наведуваат дека величината на животните била клучна за одбрана од предатори.

Претходно пронајдениот фосил во себе имал забоден заб на крокодил.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın