наука и технологија

Во југоисточна Турција откриен антички римски канализациски систем

Ископувањата во Амида Тумулус, домот на многу цивилизации, меѓу кои и Урартијците, Персијците, Римјаните, Омајадите, Абасидите, Селџуците, Артукидите и Османлиите, се завршени оваа година

Ahmet Gençtürk   | 30.11.2020
Во југоисточна Турција откриен антички римски канализациски систем Фото: Hasan Namlı/AA

ДИЈАРБАКИР (АА) - Канализациски систем стар 1.800 години е откриен за време на археолошки истражувања во Амида Тумулус, опишан како „срцето на стариот град“, во историската област Сур во југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ископувањата во Амида Тумулус, домот на многу цивилизации, меѓу кои и Урартијците, Персијците, Римјаните, Омајадите, Абасидите, Селџуците, Артукидите и Османлиите, се завршени оваа година.

За време на ископувањата, тим од 22 експерти предводен од професорот Ирфан Јилдиз од Универзитетот Диџле, во склоп на турското Министерство за култура и туризам, го откри канализацискиот систем стар 1800 години, кој датира од римскиот период.

Во разговорот за Агенција Анадолија, Јилдиз рече дека успешните резултати од ископувањата ја докажуваат историската вредност на градот во областа Дијарбакир.

Тој истакна дека во претходните фази на ископувањата спроведени оваа година откриени се и водоводни канали стари 1.800 години и гробници стари 1.700 години.

„Нивото на технологија на кои сме сведоци кај римскиот канализациски систем е импозантно“, додаде тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.