Турција, наука и технологија

Во Турција завршија испитувањата на првата доза од домашната ВЛП-вакцина против Ковид-19

„Ги завршивме првите дози. Почнавме со администрирање на вторите дози. Тоа, исто така, се одвива брзо. Ако нема некои пречки, овие дози ќе ги завршиме во првата недела од мај“

Aybüke İnal Kamacı   | 23.04.2021
Во Турција завршија испитувањата на првата доза од домашната ВЛП-вакцина против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Клиничките испитувања врз доброволци во Турција за администрирање на првата доза од турската вакцина против Ковид-19, базирана на честички слични на вирусот (ВЛП), се завршени, и доколку сѐ тече според планираното, администрирањето на втората доза ќе заврши во првата недела од мај, изјави за Агенција Анадолија доктор Февзи Алтунташ.

Алтунташ, инаку главен лекар во Онколошката болница за обука и истражување во Анкара, главниот град на Турција, рече дека истражувањата на вакцината против коронавирусот започнале пред околу една година.

„Ги завршивме првите дози. Почнавме со администрирање на вторите дози. Тоа, исто така, се одвива брзо. Ако нема некои пречки, овие дози ќе ги завршиме во првата недела од мај“, рече тој.

Нагласувајќи дека д-р Мајда Ѓурсел и д-р Ихсан Ѓурсел ја произвеле и развиле вакцината, Алтунташ им се заблагодари на двајцата научници за сиот нивни придонес.

Алтунташ рече дека добиле официјално одобрение од Институтот за лекови и медицински помагала при Министерството за здравство од 19 март, додавајќи дека првите волонтери биле вклучени во клиничките испитувања од 26 март.

Тој порача дека лицата над 18-годишна возраст кои немаат никакви здравствени проблеми и кои претходно не го прележале Ковид-19, можат доброволно да учествуваат во студијата за вакцината.

Алтунташ истакна дека тие ја даваат вакцината во две дози и ја следат нејзината безбедност шест месеци, истакнувајќи дека првите 24 часа во овој процес се многу значајни. Затоа волонтерите внимателно се следат и со прегледи на физичкото здравје и лабораториски.

- Нема сериозни реакции по 24 часа -

Доктор Алтунташ изјави дека еден од нивните волонтери во испитувањата за вакцината е турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк.

Споменувајќи дека и Варанк и Хасан Мандал, претседателот на Советот за научно-технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК), внимателно ги следеле испитувањата, Алтунташ рече дека обајцата биле подобни за клиничките испитувања бидејќи не го прележале коронавирусот. „Така, тие останаа тука 24 часа и беа сведоци дека немаше никакви сериозни индикации по процесот.“

„Варанк ни кажа дека чувствувал болка во раката, но Мандал не ни кажа никаков симптом“, додаде тој.

Алтунташ, кој рече дека вакцината е иновативен производ, нагласи дека кога ќе се развие мутација, вакцината може да се креира според мутацијата и брзо да се адаптира.

„Ако нема некои пречки, ќе го завршиме 21. ден од вакцинирањето во првата недела од мај“, нагласи тој.

„Можеби се прашувате каква е нашата опсервација во овој процес. Можам да кажам дека немаше сериозни реакции во однос на нејзината сигурност. Можам да кажам и дека не наидовме на сериозни знаци и симптоми во нашето мониторирање.“

Доктор Алтунташ рече дека потоа започнува втората фаза во која ќе бидат потребни над 200 волонтери.

„Ќе ги започнеме испитувањата од втората фаза на ВЛП-вакцината во првата недела од јуни. Веќе се обидуваме да ги подготвиме нашите волонтери.“

Тој рече дека процесот низ кој поминува светот е глобално заморувачки и ги покани сите што ги исполнуваат условите да се пријават како волонтери.

- Решенија против новите варијанти -

На прашањето кога ќе биде пуштена во употреба вакцината, Алтунташ рече: „Ако сè оди добро, може да биде готова за употреба наесен.“

„Не можеме да дадеме точни датуми затоа што се работи за волонтери кои се приклучуваат, волонтери кои го поддржуваат процесот“, додаде тој.

„ВЛП-вакцината е иновативна вакцина. Ние ги споредивме четирите антигени на вирусот со неинфективната состојба на вирусот користејќи синтетичка рекомбинантна технологија.“

Тој исто така истакна дека вакцината може да биде направена да функционира против која било нова варијанта на вирусот, вклучително и на веќе постоечките.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın