свет

„Невидливите рани“ на децата од Сирија

„Шестгодишната војна во Сирија ги зголеми негативните последици врз децата, како што се самоповредување, обид за самоубиство, дијабетес, употреба на наркотици и депресија“

Betül Yürük   | 07.03.2017
„Невидливите рани“ на децата од Сирија

New York

ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ (АА) – Во извештајот подготвен од страна на невладината организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), во рамките на којшто се водени разговори со повеќе од 450 сириски деца, се открива дека 6-годишната војна во оваа држава оставила негативни последици врз психичкото и физичкото здравје на сириските деца, како самоповредување, обид за самоубиство, дијабетес, употреба на наркотици и депресија, јавува Anadolu Agency (AA).

Невладината организација „Спасете ги децата“ со извештајот во рамките на којшто се водени разговори со повеќе од 450 деца, го привлече вниманието на „невидливите психилошки рани“, резултат на 6-годишната војна во Сирија.

Во извештајот во кој се наведуваат постојаните бомбардирања, воздушните напади и стравот од насилство, на кои децата се постојано изложени, се вели дека доколку ваквата состојба наречена „токсичен стрес“ не се лекува, ќе резултира со долгорочни ефекти врз физичкото и менталното здравје на децата.

„Шестгодишната војна во Сирија ги зголеми негативните последици врз децата, како што се самоповредување, обид за самоубиство, дијабетес, употреба на наркотици и депресија“, се вели во извештајот и се нагласува дека постојаниот психолошки притисок врз децата резултира со појава на ноќно мокрење, тешкотии во говорот или целосно губење на способноста за зборување.

Од децата со кои се разговарало, 51 отсто рекле дека користеле наркотици за да се справат со стресот. Во извештајот се вели дека децата од 12-годишна возраст се самоповредувале себеси или се обиделе да се самоубијат.

- „Три милиони деца не виделе ништо друго освен војна“ -

„Три милиони деца кои се родени откако започна војната во Сирија не виделе ништо освен војна“, истакна претседателот на организацјата, Керолин Мајлс на прес-конференцијата одржана во врска со извештајот.

Мајлс истакна дека децата се плашат да играат надвор или да одат на училиште. Таа апелираше да ѝ се стави крај на оваа трагедија, која сѐ уште трае во Сирија.

- „Ако се повредам, ќе можам да јадам во болница што ќе посакам“ -

Директорката на оваа организација во Сирија, Соња Куш информираше дека две третини од децата со кои разговарале, во војната ја загубиле или својата мајка, таткото или некој од браќата и сестрите.

„Децата кои живеат под опсада велат дека посакуваат да бидат погодени од страна на снајперистите, па во случај да се повредени ќе можат да јадат во болница што ќе посакаат“, вели Куш, истакнувајќи дека некои од децата сакаат да умрат за да се сретнат со своите сакани во рајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın