свет

„Мирот во Моро би можел да биде модел за кризните подрачја во светот“

Хусеин Оруч, од турската организација ИХХ за AA говореше за отпорот во Моро на Филипините, кој се одвива од 1960-тите години досега, за Органскиот закон за Бангсаморо, за автономната област Бангсаморо и за процесот на имплементација

20.01.2019
„Мирот во Моро би можел да биде модел за кризните подрачја во светот“

Ankara

АНКАРА (АА) - МЕХМЕТ ОЗТУРК/ФАРУК ТОКАТ -

Хусеин Оруч, член на Одборот на доверители на турската Хуманитарна организациија за човекови права и слободи (ИХХ) и на Делегацијата за следење на мировниот процес во Моро, изјави дека е потребно да се даде поддршка за автономната област Бангсаморо, која на Филипините ќе се формира по речиси 60 години отпор.

Оруч, во разговор за Anadolu Agency (AA) говореше за отпорот во Моро кој се одвива од 1960-тите години досега, за Органскиот закон за Бангсаморо, за автономната област Бангсаморо и за процесот на имплементација.

ПРАШАЊЕ: Господине Хусеин, до донесувањето на Органскиот закон на Бангсаморо, Вие целиот процес го следевте многу одблизу. Бевте дел и од преговорите. Ако дозволите, разговорот би го започнале оттаму.

ОДГОВОР: Кога го спомнуваме Органскиот закон на Бангсаморо, всушност, зборуваме за еден процес започнат во 1997 година. Станува збор за процес на средби кој започна кога беше жив покојниот Селамет Хашим. Тој самиот имаше една ваква политика: војна, тоа е нешто што се прави за мир. Војните во кои на крајот нема мир, војните, чија цел не е мир, претставуваат злосторство. Затоа, тој самиот никогаш не беше далеку од мирот, станува збор за личност кај која мировната агенда беше постојано отворена.

Ако процесот го земеме од самиот почеток и клопчето го премотаме наназад, познато е дека Селамет Хашим се повлекува од Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) на Нур Мисуари и го формира Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF). Исламскиот ослободителен фронт е формиран по одделувањето од Мисуари.

Не знаеме точно зошто дојде до оваа дивергенција. Не ги знаеме точните одговори на прашањата зошто се разделија во тој период, што се случи, поради што Фронтот се подели на два дела.

Додека дејствуваше Националниот ослободителен фронт „Моро“, од него произлезе Исламскиот ослободителен фронт „Моро“. Се знае следното: со Договорот од Триполи, т.е. со започнувањето на мировните средби во декември 1976 година, се покажа дека постои некое недоразбирање.

ПРАШАЊЕ: Зборувате за Договорот постигнат под покровителство на Гадафи?

ОДГОВОР: Да. Селамет Хашим не го прифати тој договор и автономијата, целејќи кон активности за независност. Очигледно, тоа беше една од причините за разделбата.

Без сомнение, во основата на разделбата постоел различен поглед на светот. Постојат многу фундаментални разлики. Селамет Хашим вели: „Ние сме муслимани. Бидејќи ние не сме вистински добри муслимани, ни се случува ова. Ако повторно станеме муслимани, ако им се вратиме на нашите вредности, работите ќе се вратат на својот пат“. Мисуари од друга страна вели „Ние сме претставници на Моро. Тука ги има оние кои се муслимани, ги има оние кои се претставници на домородните религии, има христијани“. Всушност, при формирањето на Националниот ослободителен фронт, сите беа заедно. Тоа го имам чуено од едно постаро лице во регионот. По одвојувањето на Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) од Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF), постои општо прифатено мислење дека во Националниот ослободителен фронт дошло до поделба. Всушност, тоа не е токму така. Зад завесата, работите се поинакви. Националниот ослободителен фронт „Моро“ е студија на Малезија, формирана како една кровна формација, како структура под која на едно место заедно се собрани различни групи. Малезија во 1971 година организираше Самит во Куала Лумпур, собирајќи ги на едно место сите сили на отпорот од тоа подрачје. На Самитот било предложено организирање на една кровна формација. Во тој период Мисуари правел притисок организацијата да се нарече Национален ослободителен фронт „Моро“ (MNLF), додека Хашим инсистирал на името Исламски ослободителен фронт „Моро“ (MILF). Победил Мисуари и кровната организација е наречена Национален ослободителен фронт „Моро“ (MNLF). Во почетоците на 1970-тите години, името Исламски ослободителен фронт „Моро“ и онака било дадено од страна на Селамет Хашим. И во рамките на организацијата била формирана друга кровна организација, но немало многу можности за заедничко дејствување. Всушност, вистинското разделување се случува во 1973 година.

Постојат неколку датуми поврзани со формирањето на Исламскиот ослободителен фронт (MILF). Се зборува дека е формиран во периодот меѓу 1977 и 1981 година, но официјалната декларација за основање е објавена во 1981 година. Заедно со ова, од 1977 година во потполност се одвоени патиштата со Националниот ослободителен фронт (MNLF). Најверојатно по 1973 година, Селамет Хашим и Нур Мисуари ниту еднаш не биле заедно на состанок на Централниот комитет. Се случила многу јасна поделба.

Покрај разликата во светскиот поглед кон мирот, постоеја и многу основни разлики во врска со отпорот меѓу двајцата лидери. Националниот ослободителен фронт имаше офанзивна структура. Тој имаше структура која постојано ја напаѓаше државата и постојано држеше позиции против неа. Исламскиот ослободителен фронт во својата основа не беше така структуриран. Наместо тоа, претпочиташе отпор и борба базирани врз одбрана. Со цел на виделина да ја претстави заедницата од регионот, Селамет Хашим го дизајнираше Исламскиот ослободителен фронт како заштитна сила, одржувајќи ја моќта и останувајќи во дефанзива. Затоа Исламскиот ослободителен фронт има малку офанзивни операции. Наместо тоа, тој одговараше на нападите извршени врз него.

ПРАШАЊЕ: Знаеме дека негова цел не биле цивилите, но дали негови цели биле нецивилни, паравоени и воени позиции?

ОДГОВОР: Биле, но во основата на својата борба, како метод немаше еден агресивен пристап, како што тоа го имаше Националниот ослободителен фронт.

Селамет Хашим во отпорот имаше многу постара позиција од Нур Мисуари. Уште од 1960-тите години, тие се во отпорот.

ПРАШАЊЕ: Велите дека имало активности на отпорот? Како изгледаше сликата пред во оваа работа да влезат Националниот ослободителен фронт и Малезија?

ОДГОВОР: Во почетокот на 1960-тите години имаше мали и големи организации на отпорот, но всушност организираниот отпор започна во 1967 година. Имаа активности за напад на островот Саба. Во местото Џабидах, во близина на Манила, младината на Моро беше убивана (од страна на војниците). Тоа беше геноцид.

ПРАШАЊЕ: Јас овој геноцид во Џабидах го сметав за активност на контрагерила. Државата ја користеше муслиманската младина.

ОДГОВОР. Всушност, така е.

ПРАШАЊЕ: Како во оваа работа да е вмешан и Нур Мисуари?

ОДГОВОР: Нур Мисуари не е вмешан. Тој подоцна се приклучува. Мисуари во тоа време е универзитетски професор. Човек на опозицијата, постар од Селамет Хашим и човек кој има импресивно ораторство. Тој e прилично харизматична фигура.

Селамет Хашим е многу поразлична фигура. Хашим e лидер со цели и личност со харизма во сопствената околина. Всушност, целта на Селамет Хашим не е точно разбрана. Хашим е повеќе загрижен за градење на општеството отколку на организација на отпор, во што и успева во голема мерка. Всушност, тој успева во она што не ѝ успева на ниту една друга организација на отпор во исламскиот свет.

ПРАШАЊЕ: Од една страна вооружена борба, а од друга страна школување, активности за обука и образовни кампови, зарем не?

ОДГОВОР: Во сите воени кампови со сигурност постои научна академија. Мора да има научно образование.

Работата на Селамет Хашим се состои од 4 принципи. Тоа е филозофија на животот на секој кој живее во Моро. Тоа е проект за социјална трансформација базирана врз 4 принципи. Тоа е цел која Селамет Хашим им ја постави на своите пријатели. 

Првиот принцип е враќањето кон исламот. За Мисуари пак, на прво место е отпорот. За Хашим тоа претставува враќањето кон исламот. Хашим јасно вели „Ние сме муслимани. Мораме да се однесуваме како муслимани. Всушност, ова ни се случува бидејќи немаме муслиманска структура. Првенствено, ние самите ќе се поправиме“. „Господ нема да го лиши од благосостојба народот на кого Тој веќе им ја подарил, сѐ додека тој (народот) самиот не се промени“, стратегија инспирирана од 53. ајет на Ел Енфал (осмото поглавје на Куранот).

Тој вели „Познати сме како борци. Светот нѐ знае како борци, но 30 отсто од оние кои ги нарекуваме борци, не ни клањаат“. Сѐ додека Селамет Хашим не започна да работи на оваа тема, на Филипините постоеше профил на борци кои не клањаа. Не заедницата, туку 30 отсто од борците.

Вториот принцип е организациски сили, т.е. организирање. Третиот, оружје и војска. Отпорот е третиот основен принцип на организацијата. Четвртиот принцип е развој со сопствени ресурси. Оваа самодоволност се однесува и за организацијата и за индивидуите.

ПРАШАЊЕ: Значи, отпорот во тоа време, повеќе претставува национална борба, борба за татковината.

ОДГОВОР: Да, национална борба. Преку подрачјето минала американска преса. Кај нас за тоа многу не се знае. Ниту Шпанците, ниту Филипинците не направија прогон каков што направија Американците. Во 1946 година, Филипини добиваат независност. САД заминуваат, предавајќи ги Филипините, но… Во 1898 година Филипините се окупирани од САД. Постои американско-шпанска војна. Со Парискиот договор, Американците прават поделба на подрачјето и тоа трае до 1946 година. Значи, 48 години остануваат во тоа подрачје. Во период од 48 години, Американците вршат тиранија. Во почетоците на тој период постои барање за посредување од страна на Истанбул. За време на владеењето со Османлиското Царство од страна на Абдулхамит, меѓу 1906 и 1907, постои еден договор во кој посредува Истанбул.

ПРАШАЊЕ: Дури османлиската држава им врачува протестна нота на САД.

ОДГОВОР: Да, на Америка ѝ се предава протестна нота, но на муслиманите на Филипини им се вели „Стојте настрана од вооружен отпор, во спротивно овие, сите ќе ве убијат“. На некој начин, Османлиите го запреле вооружениот отпор.

Денес зборуваме за јужниот дел на Филипини, но Бангсаморо како географски поим постоел и во време кога немало држава Филипини. Во време кога Филипини не биле држава, Бангсаморо била држава. Филипини е структура формирана по неа. Станува збор за најстариот судир што во моментов се води на Земјината површина. Станува збор за површина на кои судирите започнале во 1521 година и никогаш немало мир.

Зборуваме за судир кој започнува со доаѓањето на Магелан во 1521 година и неговото убиство. Во исто време, тоа е и датум на почетокот на шпанската окупација. Станува збор за простори именувани од страна на шпанскиот крал Филип. Период кој трае до денешен ден. Зборуваме за многу голем проблем кој настанал како резултат на политиката на притисок спроведена врз подрачјето, за активности прво изведени од страна на Шпанците, па од Американците, а по нив и со формирањето на државата Филипини.

Зборуваме за период од 500 години. Всушност, овој процес е многу далечен за нас, но за негова полесна перцепција, доколку го споредиме со проблемот на Палестина, тогаш многу полесно може да се разбере. Знаете дека сегашната состојба на Палестина е иста со онаа како и во почетоците на столетието. Постојат четири карти на кои е покажана израелската окупација на Палестина во последните речиси 100 години. Тоа се карти на кои се гледа дека со тек на време се намалува територијата која им припаѓа на Палестинците и на крајот тие се окупаторски карти на кои територијата што им припаѓа на Палестинците е во форма на точки. Слична е ситуацијата и во Бангсаморо. До пред околу 100 години речиси целата популација што живееше на подрачјето во јужниот дел на Филипини беа муслимани. Со миграциските движења организирани од страна на Американците, а потоа и од страна на филипинската Влада, дојде до интензивна промена на локалното население и неговата демографска стуктура и денес се среќаваме со сосема поинаква слика. И таму има доселеници. Особено во источните делови од подрачјето, веќе мнозинството од населението се христијани, што е значаен доказ за демографската трансформација. Всушност, тоа беше подрачје во кое претежно живееја муслимани.

За време на формирањето на филипинската држава во 1946 година, во 13 од 81 покраина муслиманите биле мнозинство. Всушност, движењето за отпор беше структура формирана за да се добие автономија во овие 13 покраини. Но со тек на времето, покраините во кои мнозинството беа муслимани, се намалија на пет. Сега само во пет покраини муслиманите се во мнозинство. Во досегашниот разговор зборувавме за автономија формирана врз овие пет покраини.

Од самиот почеток се одвиваше војна, но од една страна продолжуваа и средбите. Во текот на 17 години, Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) постојано седнуваше на преговарачка маса. Неколкупати на преговарачките маси беа постигнати договори, но поради различни причини, овие договори доживеаја неуспех. Во 2008 година беше постигнат договор. По него дојде до промена на власта. Откако Уставниот суд поништи одреден дел од Договорот, тој се распадна и повторно дојде до судири во подрачјето. Кога во 2010 година на власт дојде претходниот претседател Аквино (синот на Коразон Аквино, кој по Маркос изврши пуч), повторно ги заживеа преговорите. Сеопфатниот Договор за Бангсаморо беше потпишан за време на неговото владеење во 2014 година.

Сѐ беше завршено, и во 2015 година, кога се очекуваше Парламентот да го одобри Договорот и тој да се озакони, со интервенцијата на САД во подрачјето Моро, во Мамасапано настанаа проблеми. Филипинската војска спроведе операција што не требаше да ја направи. Влезе во подрачјето на Исламскиот ослободителен фронт, надвор од правилата на ангажирање и без информирање, како што беше договорено. Во реакцијата на Исламскиот ослободителен фронт убиени се 44 припадници на специјалните сили на филипинската војска и процесот е повторно запрен.

Целото подрачје беше под контрола на Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF). Филипинската војска не влегуваше во тоа подрачје. Кога беше потребно да влезе, тоа го правеше во координација. Тоа беше операција во која ништо од споменатото не беше спроведено. Во тој период се зборуваше дека тоа било структура во која имало и Американци, но некои делови никогаш не се разјаснија. Сегашниот претседател Дутерте во изборната кампања имаше ветено „Јас ќе го решам овој проблем“.

ПРАШАЊЕ: Дали Дутерте е од тоа подрачје?

ОДГОВОР: Дутерте е од Давао. Тој доаѓа од подрачје во кое муслиманите од мнозинско население станаа малцинство. Но во неговата лоза има муслиманска крв. Неговата баба од страна на мајка му е муслиманка. Има баба која е муслиманка. Дутерте го знае проблемот на Минданао и Моро. Уште од времето на предизборната кампања, во врска со тоа подрачје тој имаше кажано дека ќе ја реши кризата во Моро.

ПРАШАЊЕ: Се зборува дека со Мисуари биле школски другари. Дали е вистина?

ОДГОВОР: Школски другари не се, но многу добро се познавале меѓусебно. Имаат многу старо пријателство. Движењето Национален ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) на Мисуари има три центри: Давао, Занбоанга и Сулу. Сулу е седиштето, татковината, а Давао и Занбоанга се два центри во кои интензивно се спроведуваат операции. Со Дутерте има многу добро пријателство поради Давао. Всушност, за Дутерте, кога ќе се споменеше прашањето за Моро, негов соговорник беше Мисуари, но со тек на време, откако Мисуари го загуби лидерството и моќта на теренот, соговорник со власта стана Селамет Хашим, лидерот на Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF), а по неговата смрт, во 2003 година, Хаџи Мурат Ибрахим. И денешниот договор постигнат со Исламскиот ослободителен фронт е во линија со Селамет Хашим. И Дуерте во изборната кампања од 2014 година на повеќепати го имаше дадено ветувањето дека ќе го спроведе овој сеопфатен закон и ќе ја формира новата Бангсаморо. Тоа одзеде малку време. По доаѓањето на власт, по речиси 2 години, Договорот беше разгледан и прифатен во двете крила во Парламентот, во Претставничкиот дом и во Сенатот. Во јули тој е потпишан и од претседателот Дутерте и веќе е во сила. Започна да се спроведува.

ПРАШАЊЕ: Сега се поставуваат две прашања. Едното е, за што Вие подобро знаете, постоеше период на ARMM, т.е. постоеше раководство на Автономен Регион во муслиманско Минданао. Сега, всушност, ќе биде формирана автономна влада. Зошто по Автономниот Регион во муслиманско Минданао се создаде потреба од нова автономна влада? Какви разлики постојат меѓу двете автономии? Која е посеопфатна?

ОДГОВОР: Автономниот Регион во муслиманско Минданао (ARMM) е формиран во 1989 година. Мировните средби започнаа во 1973 година, во време кога лидер е Нур Мисуари. Во тој период постои фаза на формирање автономно подрачје. Тоа е процес кој започна со Маркос. Со Маркос се седна на маса. Маркос оствари средби со овие 13 покраини. Тогаш имаше средби за автономија на простор многу поголем од сегашниот.

Постои Договорот од Триполи и договори кои продолжуваат по него. Рамката на оваа автономија е утврдена и со Договорот од Џакарта, но за жал, државата никогаш не се придржуваше кон договорите. Државата работи на еден вид процес на одвлекување. Потоа, во 1986 година, по народната револуција, на власт доаѓа Аквино. Проблемите повторно продолжуваат. Муслиманите Моро продолжуваат со отпорот. Се случи преврат, во кој Ане Аквино беше избран за претседател. Продолжуваат иницијативите за разрешување на проблемот, само што постоечката позиција на тамошните муслимани не се наоѓа во точката во која ќе им бидат задоволени барањата. И тој прави нешто слично. Во периодите во кои доаѓа до застој на средбите, тој еднострано, без да бидат вклучени муслиманите, во Парламентот го протнува Законот, според кој во 1989 година е формиран Автономниот Регион во муслиманско Минданао (ARMM). Во 1989 година постои период во кој страните не се вклучени, особено страната на отпорот. Започнува процесот, а за регионален гувернер е поставено лице кое нема никаква врска со отпорот, ниту со тогашниот лидер Мисуари. Со иницијатива на Организацијата за исламска соработка (OIC), во 1996 година Мисуари се согласува на договор и е именуван за гувернер на подрачјето.

ПРАШАЊЕ: Споменувајќи ја Организацијата за исламска соработка (OIC) мислам дека Нур Мисуари, Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) и Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) имаат членство таму.

ОДГОВОР: Да, во Одделот поврзан со малцинствата во Организацијата за исламска соработка, Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ и Националниот ослободителен фронт „Моро“ имаат статус на набљудувачи. Во Организацијата за исламска соработка (OIC) постоеја сериозни активности за создавање единство меѓу овие две структури. Според договорот од тоа време, Организацијата за исламска соработка е посредник како трета страна. Во 1996 година Мисуари ја презема одговорноста за тоа, но под услов да бидат исправени недостатоците. Државата продолжува од истата позиција. Ништо не се менува.

ПРАШАЊЕ: Мисуари доаѓа на чело на Автономниот Регион во муслиманско Минданао (ARMM)?

ОДГОВОР: Тој доаѓа на чело на Автономниот Регион во муслиманско Минданао. На тој начин станува гувернер, но со тоа не завршуваат барањата на муслиманите. Постојат 43 барања. Државата вели дека ќе ги исполни тие барања. Организацијата за исламска соработка (OIC) е еден од гарантите за тоа, но во текот на процесот, ниту едно од овие барања не е исполнето. Автономниот Регион во муслиманско Минданао останува автономна област на едно многу мало парче од она што е ветено. Економски, тоа е многу тесно. И како административна структура е многу мало. Структура која како правен систем не дава ништо... Реално гледано, постои еден вид државен систем. Во државата постојат покраини. И Автономниот Регион во муслиманско Минданао е една од нив. Структура која не оди подалеку од неа. Затоа оваа структура не нуди решение за проблемите на Бангсаморо. Знаејќи дека нема да бидат решени проблемите на Бангсамото, Нур Мисуари и Селамет Хашим го продолжуваат својот отпор.

ПРАШАЊЕ: Дали Нур Мисуари еден период беше во затвор?

ОДГОВОР: Се разбира. Мисуари повеќепати беше приведуван. До 2001 година продолжи како гувернер на Автономниот Регион во муслиманско Минданао, но потоа ја предаде функцијата. Во рамките на процесот, немаше никаков напредок. Структурата беше така поставена, што ниту тој самиот не беше многу успешен. Постоеше една таква структура, која, доколку центарот не сакаше, гувернерството немаше да функционира, бидејќи во системот на Автономниот Регион во муслиманско Минданао, тапанот им беше доделен на едни, стапчето за удирање на други. Затоа Нур Мисуари не беше во можност да формира своја екипа. Во оваа насока, воопшто не беше лесно кадарот на отпорот да стане раководен кадар, борците од шумите да влезат во политиката и да раководат со земјата.

Во тој период Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) не успева по ова прашање. Тоа е и една од причините поради која Националниот ослободителен фронт „Моро“ денес е поделен на 13 одделни делови. Според договорите од тоа време, борците на Националниот ослободителен фронт „Моро“ го предаваат оружјето. Тие се вклучуваат во војската и полицијата. По многу кус период, филипинската Влада овие лица ги распоредува во различни делови низ цела земја. На тој начин Националниот ослободителен фронт „Моро“ ја губи сета своја тогашна воена моќ, што е причина за негово распарчување и колапс. Причина за појавата на денешните договори се погрешниот дизајн на претходните од страна на Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) и неисполнувањето на дадените ветувања.

По ова, се влегува во период во кој борбата на Моро интензивно е раководена од Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF). Националниот ослободителен фронт „Моро“ (MNLF) го губи својот кредибилитет и кај заедницата. Го сметаат за неуспешен и поради тоа знамето го презема Исламскиот ослободителен фронт, кој, почнувајќи од 1997 година, започнува период на мировни преговори. Барањата се независност, но во периодот на овие средби се оди еден чекор назад во однос на целта. Се работи на автономија која за разлика од Автономниот Регион во муслиманско Минданао (ARMM) на народот ќе му обезбеди пошироки права. 

ПРАШАЊЕ: Во извесен период, во рамките на идентификацијата на оваа автономија, постоеше пристап на „sub-state“ (под-држава). Дали таа замисла е напуштена?

ОДГОВОР: Всушност, перцепцијата на „sub-state“ е нешто што го искажа националистичкото крило на филипинската страна. Тоа не е нешто што беше дел од преговорите. Тоа беше некој вид пропаганден материјал што беше поставен на дневен ред, со цел да се саботира мировниот процес. На крајот од преговорите, по постигнатиот договор и усвоените точки, на сцената се појавува Бангсаморо, против која нема многу реакции во светот, автономија со широки ингеренции и двоен закон. На пример, зборувајќи за типот на автономија, таа е слободна во своите внатрешни работи, а во надворешните работи таа е поврзана со централната власт. Но на Бангсаморо ѝ се даваат сериозни овластувања и во воспоставувањето на односите со странство. Од таа причина, овие прашања беа тема на интензивни дискусии, особено од страна на филипинските националистички структури. „Ова не е автономност, ова е државност. Вие создавате држава“, беа нивните интензивни жалби. Но всушност, тоа беше автономна област во рамките на државата Филипини. Всушност, се случи следното: Фронтот на отпорот направи чекор назад и откажувајќи се од барањата за независност, се согласи на автономност. На ист начин и државата направи отстапки и ја даде изјавата „Ние ќе ви дадеме автономија со пошироки права од оние што ги имаше Автономниот Регион во муслиманско Минданао и ќе живееме тука заедно“.

ПРАШАЊЕ: Дали рекоа „За возврат вие ќе го предадете оружјето“?

ОДГОВОР: Вооружената борба ќе биде прекината и ќе се води политичка борба. Тоа е резимето од Договорот. Сите вооружени структури што се наоѓаат таму ќе го положат оружјето, но нема да ѝ го предадат на државата. Тоа е една од привилегиите на Договорот. Формирана е Меѓународна комисија. Во оваа комисија застапена е и Турција. Претседавањето со Комисијата го води претставник од Турција. Таа ќе го преземе оружјето. Ова, всушност е етичка работа. Според перцепцијата на еден припадник на Моро, на територијата каде што борбата трае со векови, една од најлошите работи што можат да му се случат на еден маж е да го предаде своето оружје. Имајќи го тоа предвид, формирана е една независна структура. Оружјето ќе го преземе таа независна комисија. Оружјето нема да ѝ биде предадено на државата.

ПРАШАЊЕ: Што ќе се случи со разоружаните војници?

ОДГОВОР: Ќе биде изработена програма за нивно повторно вклучување во заедницата. Некои ќе се пензионираат. Некои од нив ќе бидат вклучени во полицијата и војската, доколку нивните квалификации се соодветни. Некои ќе бидат вклучени во администрацијата. Дел од нив и онака во приватниот живот се занимаваат со земјоделство и сточарство. Во сѐ постои и малку трговија. Ќе го предадат оружјето, а државата за возврат ќе им даде поддршка.

ПРАШАЊЕ: Дали автономната структура ќе има безбедносни сили?

ОДГОВОР: Во првата фаза, автономната структура нема да има безбедносни сили. Во нормална фаза, ќе беше формирана полиција на Бангсаморо, но тоа го нема во Законот што помина во Парламентот. Полициските сили останаа под централната власт.

Но Фронтот ова го прифати како еден почеток. „Во периодот што претстои, ќе ги продолжиме средбите, со цел државата да ги исполни и останатите делови од Договорот“, смета Фронтот. Во тоа спаѓа полицијата и некои други прашања кои не можат да се постигнат со Договорот. Според Договорот, привремено се формираат безбедносни сили. Се формира безбедносна сила од 6.000 лица која треба да ја осигура безбедноста во транзицискиот период. Во овие сили 3.000 лица ќе бидат од Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF), а 3.000 од државата. Ваквите примери се многу важни, тоа е една од точките што се многу важни. Две структури кои до пред извесен период војуваа меѓусебно, доаѓаат на едно место, на теренот ќе настапат под една команда и ќе ја спроведат одговорноста поврзана со безбедноста. Започната е нивната обука и таа е во тек. На 21 јануари ќе се одржи референдум. Референдумот ќе се одржи во Бангсаморо и во некои околни подрачја.

ПРАШАЊЕ: Во ред, дали постои веројатност, референдумот на тие подрачја да излезе негативен? Познато е дека постојат измени во демографијата.

ОДГОВОР: Покрај полицијата, ќе има договор и за зголемениот географски простор. Тоа е една од значајните разлики со Автономниот Регион во муслиманско Минданао (ARMM). Автономниот Регион во муслиманско Минданао не е географски простор кој може да ги задоволи барањата на тамошните муслимани. Во 2001 година беше спроведен референдум под голем притисок. За една недела беше донесена одлука за референдумот и во текот на таа недела референдумот беше спроведен. И покрај големиот притисок врз референдумот, „за“ гласаа шест големи општини, соседи на Автономниот Регион во муслиманско Минданао, два града и 39 гратчиња. Долг период тие имаа средби со Автономниот Регион во муслиманско Минданао, за анексија, но тоа не се спроведе. Сега при формирањето на Бангсаморо, во агендата се вклучени и тие. Според Договорот, тие директно би биле вклучени и само во тие подрачја би се спровел референдум. Но Парламентот рече дека не е доволно само тие да гласаат „за“, туку дека е потребно и матичните подрачја во коишто се наоѓаат да кажат „да“, за да можат да се одделат. Ова е една од уставните точки.

Рекоа дека е дојдено до една таква позиција поради Уставот. Затоа во него нема да учествуваат само подрачјата во кои претежно живеат муслимани, туку и подрачјата во кои тие се малцинство. Од тие причини постои одреден ризик. Доколку беше спротивно, немаше да има проблем, со сигурност ќе беа вклучени, но сега ќе бидат прашани и подрачјата во кои мнозинство е христијанското население. Ќе биде поставено прашањето „Дали овие да си одат?“, „Дали сакате да одите на местата каде што се муслиманите?“ Другите ќе бидат прашани „Дали да си одат? Дали дозволувате?“ Тоа е ризик, но границите се веќе исцртани.

ПРАШАЊЕ: Дали постои голем ризик?

ОДГОВОР: Можеме да кажеме, ризик од средни размери. Воопшто не е лесно да се каже „Овие со сигурност ќе бидат вклучени“, ниту „Тој дел не, таму главно се христијани“. Потребна е добра и моќна кампања.

ПРАШАЊЕ: Тогаш постои една ваква ситуација. Оние кои ќе гласаат „за“, ќе се приклучат, оние кои ќе бидат против, ќе останат од другата страна. Така ли е?

ОДГОВОР: Оние кои ќе гласаат „за“, ќе се приклучат на Бангсаморо. Оние кои нема да гласаат „за“, остануваат на Филипините. Всушност, потребно е и двете страни да кажат „за“. За подобро разбирање, мислам дека би можеле да дадеме пример со некое место во Турција. Да кажеме дека Општина Фатих ќе спроведе референдум. Нормално е на референдумот да учествува општина Фатих. Според Договорот, беше предвидено референдумот да се проведе само во Фатих, но според Законот што помина во Парламентот, референдумот треба да се спроведе во цел Истанбул. Фатих ќе гласа „за“, но потребно е и мнозинството од Истанбул да гласа „за“. Имаме една ваква работа што ја отежнува ситуацијата. Потребно е да се спроведе сериозна кампања. Кампања за двете страни.

ПРАШАЊЕ: Да кажеме дека во подрачјата во кои живее претежно муслиманско население, изгласано е „за“, а во подрачјата во кои живее претежно христијанско население, се изгласа „не“. Како ова ќе влијае врз крајниот резултат?

ОДГОВОР: Тогаш нема да можат да му се приклучат на Бангсаморо. Тоа ќе влијае врз крајниот резултат бидејќи е потребно 51 отсто „за“. Потребно е кампањата да се спроведе во две димензии, насоки. Тоа особено го отежнуваат оние кои ќе се приклучат, но како што реков, не е невозможно. Како прво, потребно е на муслиманите што живеат таму, добро да им се објасни што ќе добијат со приклучувањето кон Бангсаморо, каква просторност ќе постигнат. Како второ, во подрачјата во кои мнозиството се христијани, на оние што ќе го користат правото на глас, треба да им се раскаже какви поволности ќе имаат кога овие ќе се одвојат од нив. Тие би имале сериозен демографски комфор. Од економски аспект, средствата што ќе ги земат од центарот нема да се сменат, но сериозна бројка од популацијата ќе замине за Бангсаморо.

ПРАШАЊЕ: Тогаш ќе има и миграции?

ОДГОВОР: Миграции нема да има, но ќе биде вклучена постоечката географска територија. Вака или онака, постои една сериозна дилема. Постои центар во кој христијаните се мнозинство. Во местата каде што живеат муслиманите постојат поделби. Тоа ја расипува хармонијата, ако гледаме од перспективата на христијаните во местата во кои живеат. Тоа треба да им се раскаже. Потребно е да се каже „Со формирањето на Бангсаморо и вклучувањето на муслиманските подрачја од кај вас, всушност ќе се создаде средина во која многу ќе се релаксираат вашите соседски односи“. Се води студија во таа насока. Постои придвижување кон подобро, и кај раководството и кај народот. Не е како посакуваното, но во почетокот се велеше „Ова не може“. Во период од три месеци од поминувањето на Законот во Парламентот, по спроведените активности, се дојде до точката „Можно е“.

ПРАШАЊЕ: Дали постои анкета во врска со тоа?

ОДГОВОР: Нема некоја многу здрава анкета. Постојат извршени работи. 

ПРАШАЊЕ: Во случај да помине референдумот и 51 отсто од гласачите да гласаат „за“, дали постои меѓународна гаранција за функционирање на овој механизам?

ОДГОВОР: Нема. Впрочем, ова е прашање за суверенитет. Се формира една автономна област во рамки на сувереноста на Филипините. Нема некоја гаранција. Само постојат посредници. Малезија е главен посредник во договорите. Постои една група за контакт во која е вклучена и Турција. Нејзината функција е да биде олеснувач. Постои една делегација од пет члена во која е вклучена и Хуманитарната организациија за човекови права и слободи (ИХХ). Ние како хуманитарна организација учествуваме во оваа Делегација за набљудување. Овие пет лица, меѓу кои и Хуманитарната организациија за човекови права и слободи, ќе определат дали ќе бидат исполнети сите точки на овој договор постигнат во 2014 година. Продолжуваат нашите набљудувања околу тоа. Постојано сме на терен во тие области. Секој втор месец, како претставник на Организацијата, доаѓам во оваа област. Ќе ги реализираме нашите набљудувања во овој три и пол годишен период на транзиција. На крајот, потребно е да бидат исполнети сите точки на овој договор, со цел да заврши нормалниот процес.

Двете страни, Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) и државата, посредникот од Малезија и нашата делегација. Сите ние ќе се состанеме и ќе речеме: „Во ред. Исполнети се точките на Договорот“. Ако нема да бидат исполнети, тоа значи дека овој договор не е целосно имплементиран и ќе доживееме еден продолжен процес. Можеме да зборуваме за некоја гаранција реализирана од страна на нашата делегација и Малезија, гаранција која има малку повеќе морална вредност, а помалку моќ за санкции. Ако страните или државата Филипини, речат: „Нема, заврши“, тогаш единствено што ние можеме да направиме е да речеме: „Филипините рекоа ’Нема‘. Тие ја завршија или Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ ја расипа и заврши играта“, и ќе имаме одговорност светот да го известиме околу тоа. Нема некоја моќ за санкции.

Бидејќи законот е закон кој поминува со референдум, со цел да се измени тоа, се предвидува новата администрација тоа да го направи со референдум. Овој е закон направен со специјален статус. Тоа е една структура блиска до одредбата на уставен амандман. Затоа не е лесно да помине во Парламентот. Но не е ниту невозможно.

ПРАШАЊЕ: Треба да се гледа и на понатамошниот процес. Да речеме дека референдумот ќе помине со 51 отсто, дали постои некој очекуван настан потоа, како ќе функционира процесот?

ОДГОВОР: По референдумот кој ќе се одржи на 21 јануари, од страна на претседателот ќе се формира една структура наречена „Авторитет за транзиција на Бангсаморо“, која ќе има 80 члена. Тоа ќе биде привремениот парламент на Бангсаморо. Овој парламент со 80 члена до мај 2022 година привремено ќе ја преземе администрацијата на Бангсаморо. Ќе се укине постоечкиот Автономен Регион на муслиманско Минданао (АRMM). Овој парламент со 80 члена ќе ги преземе клучевите и ќе формира еден кабинет. Ќе се избира еден премиер. Тој ќе ја формира владата и оваа привремена влада 3,5 години ќе управува со Бангсаморо. Овие 80 лица ќе бидат назначени од страна на претседателот, но Договорот и Законот предвидуваат мнозинството од овие 80 лица и премиерот да доаѓаат од Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF).

Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ ќе доживее три и пол годишен период на транзиција. Исто така, другите услови на Договорот истовремено ќе бидат реализирани. Најважната страна е всушност напуштањето на оружјата. Целта е таа, Исламскиот ослободителен фронт да се врати во политиката. Тој периодично и постепено ќе ја расформира својата постоечка воена сила.

Напуштањето на оружјето ќе се реализира постепено. На симболичен начин е извршено предавање на 5 отсто од оружјето. По референдумот ќе се предадат 35 отсто од оружјето, а потоа постепено 30 отсто, и пак 30 отсто.

ПРАШАЊЕ: Кога овој договор ќе стапи во сила, поконкретно, како тој ќе дава придонес во животот на еден жител на Бангсаморо? Што ќе донесе овој договор?

ОДГОВОР: Договорот и Законот не се совпаѓаат 100 отсто. Постоеше еден договор потпишан во 2014 година по преговорите кои траеја 17 години. Очекувањата беа овој договор да стапи во сила, таков каков што е. Тоа не се случи. Исто така, Фронтот беше свесен дека некои точки нема да поминат. На Филипините постојат две волји. Едната волја е на Владата, а другата е на Парламентот. Сѐ уште не се знае чија ќе биде третата волја. Исто така постои и Уставен суд. Постои и ризик во таа насока.

ПРАШАЊЕ: По референдумот, дали постои ризик тоа да се достави до Уставниот суд?

ОДГОВОР: Да. Пред или по референдумот, некој ќе тврди дека овој закон е противуставен и ќе го достави до Уставниот суд.

ПРАШАЊЕ: Дали постои некој кој зборува за оваа ситуација?

ОДГОВОР: Нема многу. Бидејќи Дутерте е навистина моќен лидер. Во рамки на неговото моќно лидерство, никој не сака да биде во негативна позиција со него. Точките за кои се смета дека се противуставни, беа оставани настрана во легализирањето на овој договор. Општиот принцип е следен: „Овој регион е на муслиманите. Овој регион е територија на предците на муслиманите. На овие територии се направени многу големи неправди, почнувајќи со Шпанците, па сѐ до филипинската држава, и ние ги прифаќаме овие неправди. Ви направивме неправда. Во регионот беа извршени овие злосторства. Ги признаваме, ви се извинуваме и ги преземаме сите потребни мерки за да не се повторат“, велат овој договор и закон.

Тоа подвлекува дека жителите Моро се главните сопственици на идентитетот на Бангсаморо и на овие територии, но се вели: „Тоа е минато, сега ние ќе живееме заедно под покривот на филипинската држава“. Овој договор многу јасно укажува на соживотот. Покрај моралната рамка, има и материјални компензации. Најголемата разлика е дека овој регион е најнеразвиениот регион во земјата во рамки на долгогодишните судири. Овој регион е регион во кој нивото на образованието, здравствената инфраструктура, индустријализацијата, како и индустриското земјоделство е на најниска стапка, каде што луѓето живеат под границите на сиромаштија, каде што постои голема миграција, и регион кој се соочил со големи проблеми во врска со безбедноста. Регионот е најнеразвиениот регион на Филипините. Најпрвин требаше тоа да се отстрани и да се доведе до баланс со другите региони на Филипините. Затоа беа реализирани субвенции за фондови наречени „Block Grants“. Секоја година 5 отсто од буџетот на филипинската држава ќе се трансферира во Владата на Бангсаморо како субвенција на фондови. Само тоа е двапати поголем буџет од буџетот на постоечкиот Автономен Регион на муслиманско Минданао (АРММ).

ПРАШАЊЕ: Ако се земе предвид буџетот во однос на стапката на населението, дали овој буџет е разумен?

ОДГОВОР: Разумен и добар буџет. Овој буџет е многу повисок од буџетот обезбеден за другите региони на Филипините. Според Договорот, 75 отсто од даноците собирани во овој регион ќе бидат користени во истиот регион, додека 25 отсто од овие даноци ќе бидат трансферирани во централната власт. Но во рок од 10 години, 100 отсто од овие даноци ќе останат во овој регион. Од овие даноци, 100 отсто ќе бидат користени од страна на Владата на Бангсаморо. Тоа во рацете на Владата на Бангсаморо ќе остане како дополнителен буџет. Од приходите од природните извори, 75 отсто ќе останат во регионот, додека 25 отсто од нив ќе бидат трансферирани во централната власт.

Рудниците со фосилни извори ќе бидат поделени на половина, односно 50 со 50 отсто. Во регионот постојат сериозни нафтени резерви и резерви на природен гас. Исто така, откриени се сериозни извори на ураниум. Фосилните извори и ураниумот ќе се поделат на половина, односно 50 со 50 отсто. Ако се земе предвид обемот на буџетот, Договорот не е многу негативен за државата. Мислам дека најопсежната автономија во светот постои во Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак. Нејзиниот удел во нафтата е 17 отсто (во март 2018 година се намали на 12,5 отсто). Уделот на Бангсаморо ќе биде 50 отсто. Ниту една автономија нема да има такви финансии како Бангсаморо. Сето тоа е финансиски дел на контекстот на овој договор. Покрај тоа, постои еден контекст во врска со моралниот и историскиот идентитет, каков што друг пример можеби не постои. Како што се знае, тоа е едно прашање за кое многу се зборува, а не се реализира.

Едно од најзначајните барања на муслиманите во оние земји каде што се малцинства е двојното судство. Филипините се секуларна држава и постои еден секуларен правосуден систем. Но според овој договор, ќе бидат формирани шеријатски судови специјални за Бангсаморо. Ќе има две фази. Првата фаза е граѓанското право. Во практиката на граѓанското право, ако двајцата обвинети се муслимани Моро, тогаш надлежен ќе биде Шеријатскиот суд. Ако една од страните е христијанин или локален жител, тогаш надлежен ќе биде Секуларниот суд на Филипините. Овие судови кои постојат де факто и функционираат и без да бидат официјални, ќе бидат официјално признаени и ќе добијат статус де јуре, и ќе се зголеми нивниот квалитет.

ПРАШАЊЕ: Според тоа, во регионот ќе се спроведува исламското право. Дали ова право ќе биде ограничено со семејното право, на пример дали ќе се спроведува исламското кривично право?

ОДГОВОР: Овој договор ги вклучува и кривичните дела кои вклучуваат многу општи казни. Но како што истакнав претходно, ова е еден судски систем кој е предвиден да се спроведе постепено. Во основа ќе има судови кои ќе можат да ги спроведат семејните права и некои казни. Се зборува за различни ограничувања. Многу општо, се вели дека на овие судови ќе се разгледаат и кривичните дела на кои времетраењето на казната е еден месец. Но како што реков, овој договор го опфаќа целото кривично право. Ќе продолжат преговорите и во процесот на транзиција и потоа, со цел, покрај семејното право да се додаде и кривичното право.

ПРАШАЊЕ: Што треба да разбереме од Органскиот закон на Бангсаморо (BOL)? Дали е тоа што го раскажавте или е рамката на мировните преговори? Што значи овој Органски закон на Бангсаморо?

ОДГОВОР: Органскиот закон на Бангсаморо е закон кој во себе вклучува дел од мировните преговори. Не е право кое ќе го спроведувате во него. Односно Органскиот закон на Бангсаморо е официјалниот текст кој го формира Бангсаморо и кој ја црта неговата рамка.

ПРАШАЊЕ: Зошто Основниот закон на Бангсаморо (Basic Law) се претвори во Органски закон на Бангсаморо (BOL)?

ОДГОВОР: Ова беше кажано како уставна неопходност. Во точката на Уставот се вели дека „За администрирање автономни региони во овие региони, Собранието прави еден Органски закон.

Ако го погледнеме, зборот „органски“ е помоќен од зборот „основен“. Постои уставна компензација, но тоа е промена со која се одредува загриженоста на сенаторите за останување надвор од процесот. Сенаторите предизвикаа таква промена, расправајќи ја оваа точка во Уставот, што е материјална компензација за пристапот „Ние ја имаме и нашата волја. Ние правиме промени овде. Случајот не се однесува само на Владата. Тоа не беше процес што само Владата го сакаше“.

ПРАШАЊЕ: Вие рековте дека исламското право ќе се применува во регионот. Овде, на Филипините се сеќаваме и на Црквата која е многу моќна. Кој е пристапот на Црквата кон процесот? Како ја гледа оваа ситуација?

ОДГОВОР: Црквата е структура која има попозитивен пристап кон ова. Соживотот постои, особено во Минданао. Не само за овој закон, туку Црквата во Минданао и поглаварот целиот договор го гледаат многу позитивно. Го прашав директно за тоа. Котабато е главен град на таа земја. Разговарав со архиепископот на тој регион, кардиналот Орландо Белтран Кеведо. 

Кога реков „Како им верувате на муслиманите? Зошто го поддржувате таквиот договор кога со него ќе бидете малцинство во овој регион?“, тој ми рече: „Јас не страдав од нив за време на војната, за да страдам кога ќе дојде мир“.

ПРАШАЊЕ: Овие зборови ја објаснуваат борбата и отпорот таму? 

ОДГОВОР: Тоа е структура која го објаснува отпорот, покажува и со кое право е формиран, покажува дека е формиран еден отпор без да се излегува од исламските линии, и покажува дека еден отпор ќе го освои срцето на христијаните кога тој отпор ќе се реализира по исламот. Ова е многу важно. Ова е движење на принципиелен став кој треба да биде напишан со големи букви во местата каде што секој може да ги види оние разделби што се случија во нашиот регион, оние што се случија во Сирија, Ирак. Ова е една заедница која успеа во тоа. На далечно место, на една географија која не ја знаеме, станува збор за структура која се грижеше за исламскиот Воен закон, Законот за мир, Законот за малцинствата. Многу е ретко во светот да се создаде таква морална и принципиелна организација на отпор. Не би било погрешно ако кажеме дека Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) е единствената револуционерна организација која не добива даноци за револуција. Најважниот извор на приходи на сите органи на отпор насекаде во светот се даноците за трговија во регионот, кои се многу повисоки од даноците кои ги добива државата. Добивање данок од тендери кои се направени во регионот.

ПРАШАЊЕ: Нели Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ добива даноци бидејќи таму нема држава?

ОДГОВОР: Државата се наоѓа низ целата земја. Исто така, постои данок кој го собира државата. Но Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ досега нема собрано никакви даноци.

ПРАШАЊЕ: Дури и кога беше под негова контрола?

ОДГОВОР: Сè уште е под негова контрола. Теренот е под контрола на Исламскиот ослободителен фронт „Моро“. Државата не е во регионот. Има околу 50.000 вооружени елементи. Тоа е географија во која живеат околу 5 милиони луѓе. Постојат елементи од 50.000 луѓе кои се постојано во војска. Постојат воени кампови. Географијата не е толку голема. Регионите на Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ се целосно ослободени региони.

ПРАШАЊЕ: Кога станува збор за кампови, не се работи за мали кампови. Колку што знам, државата нема контрола врз прашања како што се трговијата, живеењето.

ОДГОВОР: Државата нема контрола. Не е примен данок.

ПРАШАЊЕ: Покрај Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF), во регионот постои групата Исламски борци за слобода на Бангсаморо (BIFF), под раководство на Америл Умбра Като. Постои и група Ебу Сејаф. Дали овие групи се убедени во овој процес? Дали беа прифатени како терористички организации? Ако беа убедени, кој метод беше следен?

ОДГОВОР: Сите имаат поинаква позиција. Ебу Сејаф е стара структура. Нејзиниот лидер живеел во Авганистан. Таа е создадена како организација на отпор. Како Исламскиот ослободителен фрон „Моро“ (MILF). Но откако нејзиниот лидер починал, таа целосно ја изгубила таа структура. Организација која го продолжува своето присуство со откупот коj го добиваше од луѓето што ги киднапираше, а во последниот период е поврзана со ДЕАШ. Развива активности за киднапирање цивили, особено странци. Овој автономен регион има три островски држави. Најпроблематичен од нив е оној во средината, островот Сулу. Пристапот до Сулу е исклучително тежок. Таму таа има центар. Не постои структура која го претставува народот. Значи, не можеме да кажеме дека Ебу Сејаф веќе е организација на отпорот. Таа треба да остане настрана. Никој не мисли што вели таа. Втората е Исламски борци за слобода на Бангсаморо (BIFF). Формирана од Като, еден од важните команданти на Селамет Хашим. Като почина пред три-четири години. Тоа е структура што ја основал по напуштањето на оваа структура. Тоа беше организација на отпор. Таа, исто така, се приближи до ДЕАШ. Особено нејзиниот командант, наречен Ебу Турајфе, е целосно вклучен во ДЕАШ. Таа беше внатре во настаните на Марави. Таа имаше иницијатива за пренесување на настаните од Марави во други региони на Минданао. Таа беше, исто така, минимизирана во борбата на државата и линијата на фронтот против неа. Нема голема воена поддршка.

ПРАШАЊЕ: Добро, дали во неа има странски борци?

ОДГОВОР: Има странски борци. Тоа е една значајна опасност која стои пред нас. Нѐ интересира каде ќе се појават припадниците на ДЕАШ, зошто исчезнаа, зошто ги снема во Рака. Каде заминаа?

ПРАШАЊЕ: Дали заминаа сами или некој ги одведе?

ОДГОВОР: Всушност, ги одведоа. Има многу сведоци дека се однесени. При мојата последна посета на Сулу, добив информации дека еден дел од нив се видени таму. ДЕАШ се обидува да се насочи кон таа страна, да си обезбеди терен. Тоа е можно. Ова е зона на отпор. Постои отпор создаден според карактерот на регионот, без разлика колку и да се зборува за мир. Претходно ме прашавте дали Владата на Филипини ќе го раскине овој Договорот или не. Да, Владата на Филипини може да го раскине Договорот, но исто така тој може да биде раскинат и од страна на Моро. Дозволете јас да Ви раскажам една анегдота. На средбите се запознавме со една стара жена којашто ги доживеала сите болки и страдања на војната. Во војната го загубила својот сопруг. Има две деца. Едниот е доктор, другиот инженер. Таа ни рече дека војната е лоша работа, дека не сака да се повтори пак и дека го поддржува мирот. Во нашиот разговор постојано го раскажуваше тоа. И јас ѝ поставив едно прашање за да увидам дека отпорот во Бангсаморо, всушност, никогаш не бил завршен. И тие што се наоѓаа во нашата делегација велеа дека „Народот на Моро веќе не сака отпор“. Од раскажувањата на тетката имаа таква перцепција. Ја прашав: „Ако твоите деца, докторот и инженерот дојдат утре, и ти кажат ’Ние одиме во џихад‘, што ќе кажеш?“ Од нејзините очи почнаа да течат солзи. Ми рече „Што би можело да се каже за тие што одат на џихад за Господ? Секако, ќе одат“. Но плачеше. Значи, таму отпорот нема крај. И кај тие луѓе што ја платиле најголемата цена на тој отпор, сѐ уште не е изгаснат. Затоа овој договор е многу важен. Треба да се дојде до одредена точка. Единствено она што ќе ги спречи остапувањата, е тоа да постои договор од кој мнозинството ќе биде среќно.  

ПРАШАЊЕ: Кажавте дека Малезија тука е главен посредувач. Нели е малку интересно, како филипинската држава како посредувач ја прифатила Малезија која долго време го поддржуваше сепаратистичкото движење во нејзините граници. За каков процес се работи таму?

 ОДГОВОР: Ако сакате договор, како прво заборавате на минатото. Значи, ова е најважното нешто што го научив за време на моето петгодишно посредување. Немате минато. Немате цех од минатото. Вие нема да заборавите, но нема да наплатувате цех. Малезија го направи тоа.

ПРАШАЊЕ: Личи на моделот на Мандела.

ОДГОВОР: Да, всушност, не постои друг начин. Таа е позицијата на Малезија. Но се зборува за загуби и од страната на Моро, помеѓу 120 и 200 илјади. Сте дале 200 илјади луѓе. Сте дале 2,5 милиони бегалци. Од 4 милиони луѓе, 2,5 милиони сте ги испратиле надвор од земјата. Сте имале најголема сиромаштија. 50 години сте имале вооружени борби во шуми. Но и тоа го правите за независност. Таа цена ја заборавате и седнувате на маса за да се договарате. И државата го прави истото. И државата не вели  „Малезија го направи тоа, Индонезија го направи ова“. Вели „Отворивме нова страница пред нас. Ќе продолжиме со таа страница“.

ПРАШАЊЕ: Дали Турција имаше некоја улога во тие процеси? Во иднина, каква улога би можела да има Турција таму?

ОДГОВОР: Всушност, за улогата на Турција дозволете да зборувам со нагласување. Турција имаше улога во три фази. Во фазата на преговори Турција беше една од земјите за контакт. Тоа беше важна одговорност. Тоа беше направено. На некои состаноци се учествуваше, а на некои не, но важно беше името на Турција да фигурира на состаноците во Малезија. Второ, независна Комисија каде што ќе се испорача тоа оружје. Структурата на таа Комисија е составена од Норвешка, Брунеј и Турција, а Турција е претседавач. Тоа е многу значајно од аспект на муслиманите Моро. Тие велат „Оружјето го предаваме на еден Турчин. Го доверуваме на еден муслиман. Всушност, го доверуваме на човек со доверба“. И Брунеј е муслиманска земја. Норвежаните, исто така, обезбедија техничка поддршка за ова прашање. Турција, исто така во проблемот беше вклучена преку Фондацијата за хуманитарна помош (ИХХ), како трет столб.

Ние како Фондација за хуманитарна помош (ИХХ) сме делегација за следење. Фондацијата за хуманитарна помош учествуваше како невладина организација во рамките на делегацијата од пет лица која ги надгледуваше сите структури на процесот. Тоа се случи за првпат. Една невладина организација од Турција за првпат презеде голема одговорност на меѓународна сцена. Всушност, според Хаџи Мурат Ибрахими, лидерот на Фронтот: „Со оваа работа Фондацијата за хуманитарна помош ги круниса делата што ги прави за муслиманите“. Таму беше формирана една структура каде што Фондацијата за хуманитарна помош излезе на преден план, а не секој сам за себе. Фала му на Бога, ние работевме многу напорно за да ја исполниме одговорноста што ни беше дадена. Се надевам дека ќе направиме важен придонес. Турција имаше придонес во тие три области.

Што да се направи потоа? Треба да се спомене и придонесот на граѓанското општество. Во регионот сериозно продолжуваат проектите на Фондацијата за хуманитарна помош од Турција. И Фондацијата „Дијанет“ има свои активности. ТИКА има активности. Различни иницијативи одат во регионот и имаат активности од хуманитарно значење. Тековниот процес е многу значајен.

Особено Турција, земја со искуство, ефективна, способна за управување на највисоко ниво, ќе има многу сериозни одговорности во процесот на формирање на Автономниот Регион Бангсаморо. Се формира нова структура. На виделина ќе излезе една нова административна структура. Во оваа смисла, продолжуваат сериозни подготовки. Турција како држава и ние како граѓанска организација работиме во координација. Пред нас има референдум. Работиме на референдумот. Во регионот Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) првпат влегува на избори. Во однос на тоа, нема никакво знаење, ниту пак искуство. Во таа смисла ќе има поддршка, но главната работа е да се воспостави административна и технички структура поддржанa од страна на Турција додека се застане на свои нозе; исто така треба да биде поддржан и материјално и со кадар.

Многу е важно оние што ќе заминат од тука и тамошните бирократи што ќе заминат за Турција, многу добро да се обучат. Има мнoгу важна студија што ја води Дирекцијата на Турците во странство и на сродните заедници (YTB). Во рамките на таа студија повеќе од 100 ученици од Минданао се донесени во Турција. Ги донесоа во рамките на стипендиите од Турција. Се образоваат на додипломски, постдипломски и докторски нивоа. Во следниот семестар ќе ги има и првите дипломци. Кога ќе започне со работа преодната Влада, еден дел од дипломираните студенти во Турција ќе се вратат таму и ќе преземат одговорности.

Сега, со поинтензивна помош, се надевам дека во сите тие области ќе помогнеме процесот да биде успешен. Муслиманите обезбедија автономија, која претходно ја немаа. Тоа може да биде многу сериозен модел за сите региони каде што муслиманите се малцинство. Ова е модел и за структурите од ист карактер како што е Кашмир кој е под окупација на Индија, за араканските муслимани и за муслиманите Патани. Треба да работиме со сите можности за овој модел да биде успешен, така што покрај муслиманите Моро, сите други муслимани низ светот ќе имаат надеж за својата иднина.

ПРАШАЊЕ: Дали самодоволноста важи и за организацијата?

ОДГОВОР: Тоа важи и за организацијата. На пример, Малезија дала поддршка. Гадафи дал поддршка, но ниту една од нив не е главна поддршка. Организацијата е формулирана на начин да може да продолжи и да ги нема нив. Тоа е студија која продолжува да работи со помош од доброволните прилози на народот. Дефинитивно, странците не се наоѓаат пред воланот. Странците се дојдени во регионот, но ниту еден од нив не се наоѓа во управувачката екипа. Во Централниот комитет немало ниту еден странец. Селамет Хашим не дозволил странците да бидат активни во ниту една област. Тоа го кажал јасно, „Ако сакате да помогнете, помогнете, но ова е наше место“.

ПРАШАЊЕ: Кога ќе погледнеме од аспект на локалитетот на движењето, дали Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) е огранок на движењата во исламскиот свет, како што се Муслиманските браќа или Џемаат-и ислам?

ОДГОВОР: Тоа што го кажав претходно покажува дека движењето е национално и домашно, дека станува збор за структура која е заснована врз општеството. Меѓу нив постои сериозна етничка разлика, сериозна разновидност и им припаѓаат на 13 големи нации. Не станува збор за едно племе. Исто како Турците, Курдите, Грузијците. Прифатено е дека Малезијците се раса над останатите. Но сите тие имаат различни јазици. Еден жител од регионот на Сулу, и еден од регионот Магуинданао не ќе можат да се разберат. Зборуваат во целост два различни јазика. Двајцата можат да се разберат со јазикот тагалог што го зборуваат сите Филипинци. Постојат 13 такви главни јазици. Луѓето од различни етнички групи на оваа географија не можат да се разберат еден со друг и затоа зборуваат на јазикот тагалог. Официјалните јазици на државата се англискиот и тагалог. Ако се вратиме на темата, Селамет Хашим има средно образование од Саудиска Арабија, а високото образование го завршил во Азхар.

ПРАШАЊЕ: Знаеме дека во Азхар учествувал на состаноците на Ихван и за него имало истрага.

ОДГОВОР: Беше претседател на Студентската унија во Југоисточна Азија и на Студентскиот сојуз на Муслиманската унија „Моро“. Потоа емигрирал во Пакистан. Во Пакистан доаѓа како во егзил. Период кога не може да си оди дома. Во тој период останува таму. Во 1987 година се враќа во својата земја. Неколку години од средината на 1980-тите години ги поминува таму, каде што се запознава со различни исламски заедници. Како што јас разбрав, многу добро ја прочитал негативната улога на странските војници во Авганистан и не дозволувал да се повторат истите грешки во Бангсаморо. Селамет Хашим е учен човек.

Тој го има видено светот и има искуство. Затоа тој создава движење специфично за него и за таа заедница. Исламскиот ослободителен фронт „Моро“ (MILF) е всушност, исламско движење. Неговата вооружена структура се Исламските вооружени сили на Бангсаморо (BIAF). Со други зборови, тоа е структура како Хамас - Изедин Касам. Во него тој ги напишал своите книги и влијаел врз младите. Има една книга со наслов „Одговорностите и должностите на бангсаморовските муџахедини“. Тој борбата ја трансформирал во народна борба. Сите биле вклучени во таа борба. Значи, тоа е структура која успеа да ја трансформира борбата во народно движење.

ПРАШАЊЕ: Не го тероризирал џихадот. Тоа е голем успех.

ОДГОВОР: Минатата година се одржа Самитот во Бангсаморо. На него учествуваа 1 милион и 200 илјади луѓе. Фронтот нема ниту една финансиска поддршка. Тие, 1 милион и 200 илјади луѓе со своите можности дојдоа од различни делови на земјата. Населението на државата која ќе се формира во регионот ќе изнесува 5 милиони, од кои 4 милиони се муслимани. Фронтот ги повика и тие дојдоа со свои средства. Значи, ова е движење кое има влијание врз народот. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.