политика

„Владата нема точна бројка колку ќе чини реализирањето на Законот за јазици“

Портпаролот на Владата истакна дека со Законот за употреба на јазиците се предвидува и формирање инспекторат кој ќе ја мониторира имплементацијата на законот

Husameddin Gina  | 16.01.2019
„Владата нема точна бројка колку ќе чини реализирањето на Законот за јазици“ Husameddin Gina/АА

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – „Во моментот немам точна бројка колку ќе чини реализирањето на Законот за употреба на јазици во пракса, но во минатогодишниот буџет беа обезбедени 100 милиони денари“, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Муамет Хоџа, на денешната редовна прес-конференција, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Владата одговарајќи на новинарското прашање „дали Македонија е подготвена целосно да го имплементира Законот за употреба на јазици“, истакна дека секоја институција треба да направи анализи на своите капацитети, и зависно од анализите што ќе ги добие, да ги преземе чекорите за подобрување на капацитетите во однос на имплементацијата на законот.

Тој, исто така, напомена дека со Законот за употреба на јазиците се предвидува и формирање инспекторат кој ќе ја мониторира имплементацијата на законот.
Според Хоџа, сè уште нема точна бројка за тоа колку имплементацијата на Законот за употреба на јазиците ќе ја чини Македонија.

„Во моментот немам точна бројка или сума колку ќе чини, но во минатогодишниот буџет беа обезбедени 100 милиони денари за основање на две институции кој ќе го надгледуваат исполувањето на овој закон во пракса“, изјави Муамет Хоџа.

За тоа дали ќе бидат приморани општините и институциите коишто немаат ниту еден вработен Албанец да го применуваат законот, Хоџа истакна дека законот важи за сите.

„Законот важи за сите. Во овој случај важи и за сите институции коишто постојат. За оние институции коишто не го практицираат јазикот, според Законот за јазици што е на сила, се предвидуваат и казни во однос на неисполнување на законот“, рече портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.

На веб страницата на Анадолу Агенсу објавен е дел од системот на проток вести (HAS). За целосни вести, ве молиме контактирајтене за претплата.Abonelik için lütfen iletişime geçiniz.