свет

Трамп на демократите им понуди проширена заштита на мигрантите во замена за ѕидот

Обраќајќи се на јавноста од Белата куќа, Трамп истакна дека новиот план вклучува тригодишни законски олеснувања за корисниците на програмата ДАЦА и продолжување на привремената заштита за другите групи мигранти кои избегале од нивните земји поради...

Michael Hernandez   | 20.01.2019
Трамп на демократите им понуди проширена заштита на мигрантите во замена за ѕидот

Washington

ВАШИНГОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп на демократите им понуди план за проширена привремена правна заштита за одредени групи мигранти, во замена за ѕидот кој тој сака да го изгради долж границата на САД и Мексико, вреден 5,7 милијарди долари, за да најде излез од моменталното нефункционирање на Владата, јавува Anadolu Agency (AA).

Обраќајќи се на јавноста од Белата куќа, Трамп истакна дека новиот план вклучува тригодишни законски олеснувања за корисниците на програмата ДАЦА (Deferred Action for Childhood Arrivals) и продолжување на привремената заштита за другите групи мигранти кои избегале од нивните земји поради насилство или природни непогоди.

ДАЦА е имиграциона политика која ги штити младите имигранти од депортација.

Трамп нагласи дека новиот план, кој вклучува околу 1,6 милијарда американски долари средства за технологија за откривање дрога и фондови за хуманитарна помош, ќе биде изнесен на гласање во Сенатот следната недела.

Исто така, планот ја отвора можноста за децата од Централна Америка да аплицираат за американски азил од нивните земји на потекло, и го зголемува бројот на судии за имиграција, како и бројот на безбедносниот персонал.

„Ова е разумен компромис кој треба да го прифатат и двете страни“ рече Трамп, додавајќи дека „Двете страни во Вашингтон мора да се состанат, да се ислушаат едни со други, да ги спуштат оклопите, да изградат доверба и да изнајдат решенија.“

Овој потег на Трамп веројатно нема да привлече доволен број демократи кои продолжуваат да се спротивставуваат на финансирањето на изградбата на ѕидот, за кој Трамп во својата предизборна кампања рече дека ќе го плати Мексико.

Дури и пред формалната расправа, претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, ја отфрли понудата на Трамп, нарекувајќи ја „компилација на неколку претходно отфрлени иницијативи, од кои секоја е неприфатлива во целост, и не претставуваат добронамерни напори за враќање на сигурноста на животите на луѓето.“

Делумното неработење на Владата во САД влезе во својот 29. ден, а анкетите покажуваат дека поголемиот дел од Американците вината за буџетскиот ќор-сокак ја гледаат кај претседателот и неговите законодавни сојузници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın