свет

Сирија: Бегалците со загриженост чекаат евакуација од кампот „Рукбан“

Во кампот „Рукбан“, кој е под опсада на Асадовиот режим и се наоѓа на сириската граница со Јордан, 60.000 цивили сѐ уште живеат vo нехумани услови

Ekipa   | 19.02.2019
Сирија: Бегалците со загриженост чекаат евакуација од кампот „Рукбан“

Moskva

МОСКВА (АА) - Покрај иницијативата на Русија за евакуација, продолжува загрижувачкото чекање на 60.000 цивили кои живеат под опсада на Асадовиот режим во кампот „Рукбан“, кој се наоѓа на границата на Сирија до Јордан, пишува Anadolu Agency (AA).

Во кампот „Рукбан“, кој е под опсада на Асадовиот режим и се наоѓа на сириската граница со Јордан, 60.000 цивили сѐ уште живеат vo нехумани услови.

Обединетите нации (ОН) често нагласуваат дека треба да се подобри состојбата во кампот, да се дозволи влез на хуманитарната помош и евакуациите да се вршат според желбата и на безбеден начин.

Михаил Мизинцев, шефот на Националниот контролен центар при Министерството за одбрана на Русија, на прес-конференција во врска со состојбата во кампот, истакна дека за евакуацијата на цивилите во кампот „Рукбан“ формирале два центра во местата Џулејб и Џебел ел Гураб во Хомс.

Мизинцев тврди дека со двата коридора координирани од страна на овие центри, цивилите ќе бидат пренесени во привремените центри за засолнување формирани во руралното подрачје на Дамаск.

Според руските власти, од овие коридори дневно ќе можат да поминат 1.000 лица и 50 возила.

Покрај иницијативата на Русија, продолжува загриженоста на сириските и меѓународните страни во врска со „Рукбан“.

- ОН не се вклучени -

Портпаролот на Канцеларијата на ОН за хуманитарни работи, Џенс Ларке, во изјава за АА нагласи дека ОН не се вклучени во отворањето на овие коридори.

„Оваа иницијатива беше соопштена од страна на руските и сириските власти. Повторуваме дека враќањето или повторното позиционирање на населението во „Рукбан“ треба да се реализира во рамки на одредени принципи, и повторното позиционирање треба да се врши по желба, преку доволно и безбедно информирање, и според стандардите за минимална заштита“, додаде Ларке.

- Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили на Сирија нема информации -

Според информациите добиени од изворите во Националната коалиција на опозициски и револуционерни сили на Сирија (SMDK), надлежите страни не се доволно информирани од страна на Русија.

Од Националната коалиција велат дека имаат потешкотии во стапување во контакт со претставниците на кампот „Рукбан“, и дека жителите на овој камп не се ниту информирани за активностите на Русија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın