Турција

ПКК своето постоење го обезбедува со продажба на дрога

Во извештаите на Европол се наведува дека сепаратистичката терористичка организација ПКК од дрога годишно реализира приходи од 1,5 до 3 милијарди долари

Ekipa   | 20.02.2019
ПКК своето постоење го обезбедува со продажба на дрога

Ankara

АНКАРА (АА) – СЕРТАЧ БУЛУР/ОРХАН ОНУР ГЕМИЏИ  

Сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК, од една страна во своите активности ги користи младите кои ги направила зависници од дрога, а од друга страна се обидува да ги продолжи своите терористички активности, купувајќи оружја со приходите реализирани од продажбата на дрога, додека меѓународните извештаи, изјавите на терористите, како и направените испитувања, ја откриваат органската врска на ПКК со продажбата на дрога.

Според информациите до кои дојде Anadolu Agency (AA) во извештаите на Европол се вели дека сепаратистичката терористичка организација ПКК од дрога годишно реализира приходи од 1,5 до 3 милијарди долари. Оваа организација, која децата и младите ги влече во мочуриште на дрогата, со парите кои ги заработува, купува оружје.

Терористичката организација ПКК, младите од источните и југоисточните региони кои ги направила зависници од дрога, ги користи во своите активности, а потоа ги „наградува“ со дрога. Исто така, оваа терористичка организација, која ги спречува дилерите на дрога кои не се под нејзина контрола, сака да создаде перцепција кај народот дека е против дрогата.

- Лидерот на ПКК, Оџалан, претходно призна -

Лидерот на ПКК, Абдула Оџалан, во својата изјава во вториот ден на неговото судење во 1999 година во Имрали, признавајќи ја врската на терористичката организација со дрогата, рече: „Дрогата е човечко злосторство. Но можно е некои претставници на организацијата да собрале пари во име на донации од шверцерите на дрога. Тоа и во Европа е така. Можно е некои од членовите на организацијата да биле широко вклучени во работата со дрога во странство.“

- Истакнати имиња во наркооперациите против ПКК -

Во операциите реализирани во периодот од 2015 до 2016 година од страна на безбедносните сили, со цел отстранување на барикадите поставени во Дијарбакир од страна на припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК/КЏК, неутрализирање на рачно изработените експлозиви поставени покрај патишта, како и осигурување на безбедноста на животите и сопственостите на граѓаните, беше откриено дека приведените 34 припадници на организацијата во исто време биле вклучени во активности за продажба на дрога. Во рамки на овие операции, биле запленети 50 килограми канабис, 3 грама хероин, 2 грама кокаин и 5.784 парчиња екстази.

Во операцијата наречена „Знаме-14 загинатиот херој поручник на жандармеријата, Абдулселам Озатак“, започната во јуни 2016 година, со цел завршување на активностите со дрога на ПКК/КЏК, реализирани во руралните подрачја на местата Лиџе, Хазро и Коџаќој, во Дијарбакир, беа неутрализирани 14 терористи, од кои 6 терористи биле убиени. Во рамки на операцијата, запленети се и 67,9 милиони корени на растението канабис, 17,4 тони канабис, 19 долгоцевни оружја, 6 пиштоли, 22 украдени возила користени во бомбашки активности и 43 рачно изработени експлозиви.

Шестмината терористи на ПКК, фатени во операцијата во Лиџе, во изјава што им ја дадоа на безбедносните сили признаа дека ПКК имала удел од 20 отсто од насадениот канабис.

Во операција спроведена во Адана 2016 година, запленети се 586 грама дрога, пиштол без дозвола и фалсификувана лична карта. Откриено е дека лицето, за кое постоело сомнение дека е член на ПКК/КЏК, учествувало во два одделни напади изведени со рачно изработен експлозив во Адана. Покрај тоа, осомничениот бил еден од организаторите на нападот врз возилото на Републичкото јавно обвинителство во Адана 2016 година.

Во операциите спроведени во Дијарбакир во 2016 и 2017 година, запленети се 201 тон и 660 килограми дрога и 81 милион 433 илјади и 861 стебло канабис.

Безбедносните сили кои се наоѓаат во подрачјето како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, минатата година во јули, во едно возило кое од Мунбич сакало да премине во Турција, запленија 120 скриени пакети во кои имало вкупно 2 милиона таблети дрога, пушка, два пиштола и голем број муниција за нив, 3 рачни бомби, 2 мобилни телефони, идентификувачки документ на организацијата и документи.

- Во Африн се откриени бетонски тунели преку кои се врши транспортот на дрогата -

ПКК, на која Турските вооружени сили во рамки на операцијата „Маслинова гранка“ ѝ зададоа тежок удар во подрачјето на Африн во Сирија, поради операциите за откривање на одгледувачите на канабис, активностите ги префрли во Мунбич. Во Африн се откриени киломатарски бетонски тунели, за кои е утврдено дека биле користени за трансфер на дрога во Турција.

Во местото Тушба во турската област Ван, минатата година во месец октомври, при претрес на еден камионет, во хаубата на моторот, во резервното тркало, во седиштата и вратите беа откриени 106 пакети со вкупна тежина од 100 килограми и 112 грама хероин, а возачот на возилото беше приведен.

Во местата Лиџе, Хазро и Коџаќој, во областа Дијарбакир, во ноември 2018 година, во операцијата на безбедносните сили против терористичката организација ПКК, запленети се 511 стебла канабис, 614 килограми сурова дрога, 4 тони и 625 килограми дрога во прав, вкупно 5 тони и 239 килограми дрога. Во рамките на операцијата уништено е засолниште во кое се пронајдени голем број разни видови муниција. 

Во операциите насочени против дилерите на дрога во Адана, на 16 ноември 2018 година, со 1,56 грама дрога фатени се две лица, по што е откриено дека отпечатокот на едното од нив е идентичен со отпечатокот пронајден на рачно изработените експлозивни направи на ПКК, запленети за време на операција изведена претходно.

- Активностите со дрога на ПКК во Европа -

Поврзаноста на сепаратистичката терористичка организација ПКК со наркобандите во различни европски земји, се отслика во извештајот за Британија и Германија, што го подготви Комисијата за истражување на зависности од дроги при Турското големо народно собрание. Во извештајот се истакнува и дека поради успешните операции за откривање дрога, во Турција, „рутата за дрога“ повеќе не минува целосно низ оваа земја, и се додава дека криумчарите со дрога се во потрага по алтернативни патишта.

Во операциите спроведени во Австрија и Белгија, во септемри 2017 година беше уништена една од мрежите за дрога на ПКК во Европа. Се откри дека мрежата во Белгија продавала дрога во половина од земјите на Европа, а приходите ги префрлала на терористичката организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın