свет

Лидерите од светот му честитаа на Ердоган за изборниот успех

Претседателот Иванов телефонски му честиташе на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган за победата на денешните претседателски и парламентарни избори.

Ali H. M.Abo Rezeg, Cansu Dikme, Kübra Chohan, Talha Öztürk  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Лидерите од светот му честитаа на Ердоган за изборниот успех

Ankara

АНКАРА (АА) - Лидерите од сите краеви на светот упатија честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по повод успехот на денешните предвремени претседателски и парламентарни избори, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓу првите кои на Ердоган му честитаа на изборниот резултат беа претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев и унгарскиот премиер Виктор Орбан, првиот лидер на земја членка на ЕУ кој упати честитка до турскиот претседател.

- Претседателот Иванов му честиташе на Ердоган за изборната победа

Исто така, и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов телефонски му честиташе на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган за победата на денешните претседателски и парламентарни избори.

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва оствари телефонски разговор со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод постигнатиот успехот на предвремените претседателски и парламентарни избори во Република Турција", објави претседателот Иванов на својот официјален профил на социјалните мрежи.

Честитка до Ердоган упати и членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ. Неименуван извор од кабинетот на турскиот претседател за АА соопшти дека Изетбеговиќ телефонски разговарал со колегата Ердоган и му честитал на изборниот успех.

Премиерот на Албанија, Еди Рама исто така му честиташе на Ердоган на големиот успех од изборите, како и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Победата на изборите на турскиот претседател му ја честитаа и палестинскиот претседател Махмуд Абас, катарскиот емир Шеких Тамим бин Хамад ал Тани, верските ерменски лидери во Турција, лидерот на турската Партија за национално движење (МХП), Девлет Бахчели како и премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас исто така на турскиот шеф на дипломатија, Мевлут Чавушоглу, му упати посебна честитка по повод изборниот успех на АК Партијата.

Во Турција денес се одржани предвремени претседателски и парламентарни избори. Според прелиминарните резултати, по пребројани 90,94 отсто од гласовите, во водство е Ердоган со 53,23 отсто од освоените гласови. Народната алијанса, во чиј состав е АК Партијата и Партијата на национално движење (МХП), води со 54,34 отсто од гласовите во трката за нов состав на Парламентот на Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın