култура и уметност

„Номадленд“ победник на овогодинешното 93. доделување на наградата Оскар

„Номадленд“ беше еден од осумте филмови во категоријата за најдобар филм

Kasım İleri   | 26.04.2021
„Номадленд“ победник на овогодинешното 93. доделување на наградата Оскар

ВАШИНГТОН (АА) - Драмата на режисерката Клои Жао, „Номадленд“, е избрана за најдобро филмско остварување на синоќешното 93. доделување на наградата Оскар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

93. издание на Оскарите се одржа во театарот „Долби“ во Лос Анџелес.

Во режија на азиско-американската режисерка Клои Жао, филмот говори за губењето на работата на една жена во своите 60-ти години и на целиот свој имот во Невада, во финансиската криза во САД 2008 година. Таа тргнува сама низ американскиот запад со своето комбе, се приклучува на караван номади и патува низ западните сојузни држави на САД.

„Номадленд“ беше еден од осумте филмови во категоријата за најдобар филм. Другите претенденти беа „Таткото“ (The Father), „Јуда и црниот месија“ (The Father), „Манк“ (Mank), „Минари“ (Minari), „Надежна млада жена“ (Promising Young Woman), „Звукот на металот“ (Sound of Metal) и „Судскиот процес на Чикаго 7“ (Trial of the Chicago 7).

„Манк“, драматичното прераскажување за тоа како сценаристот Херман Манкиевич го развил сценариото за „Граѓанинот Кејн“, ги предводи сите филмови со 10 номинации.

Клое Жао стана втората жена што ја има добиено наградата за најдобар режисер во 93-годишната историја на Оскарите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın