Турција, култура и уметност

Турција аплицираше за регистрација во УНЕСКО на уште четири културни вредности

Како резултат на студиите на Дирекцијата за истражување и обука при Министерството за култура и туризам, аплицирано е за вкупно четири културни вредности, од кои една национална и три мултинационални

Aybüke İnal   | 04.04.2020
Турција аплицираше за регистрација во УНЕСКО на уште четири културни вредности

АНКАРА (АА) - Министерството за култура и туризам на Турција аплицираше за регистрација на четири културни вредности, од кои една национална и три мултинационални, да бидат ставени во списокот на Oрганизацијата за oбразование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) за нематеријално културно наследство на човештвото, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението од Министерството, Турција, во рамките на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, продолжува со своите активности.

Како резултат на студиите на Дирекцијата за истражување и обука при Министерството за култура и туризам, аплицирано е за вкупно четири културни вредности, од кои една национална и три мултинационални, да бидат ставени во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.

Како национална вредност аплицирано е за културната вредност „Калиграфија: Исламската уметност на убавото пишување“.

Заедно со Азербејџан, Турција аплицираше и за „Културата на чај: Идентитет, угостување и симбол за социјална интеракција“ и за „Уметноста на музичките инструменти меј/балабан“.

Турција, исто така, заедно со Азербејџан, Казахстан, Киргистанска Република, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан, досието за „Традицијата на раскажување на шегите на Насрадин Оџа“ го поднесе до УНЕСКО.

Окан Ибиш, генералниот директор за истражување и образование, истакна дека ќе продолжат со активностите за заштита на нематеријалното културно наследство.

Турција, како потписничка на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство, има регистрирано 18 нематеријални културни наследства според што се наоѓа меѓу првите пет земји.

Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство ја имаат потпишано 178 земји.

Бројот на регистрирани нематеријални културни наследства се очекува да се зголеми на 20 на 15. Меѓувладина комисија за заштита на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, што се планира да се одржи на 30 ноември - 5 декември во Кингстон, главниот град на Јамајка.

На Меѓувладината комисија планирано е на листата на УНЕСКО за нематеријално културно наследство да бидат ставени претходните две аплицирања за „Минијатурна уметност“, со која Турција аплицираше заедно со Иран, Азербејџан и Узбекистан и „Традиционалната игра за интелигенција и стратегија: Мангала“, за која Турција поднесе барање заедно со Казахстан и Киргистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın