култура и уметност

Турските серии во Мароко меѓу најгледаните

Турските серии кои се емитуваат во Мароко, исто како и во другите арапски земји се наоѓаат меѓу најгледаните во земјата

Ekipa   | 15.05.2019
Турските серии во Мароко меѓу најгледаните

РАБАТ (АА) - Агенцијата „Марок Метри“ (владина агенција), која го следи рејтингот на локалните канали во Мароко, турската серија „Прости ми“ (Beni Affet), се наоѓа на трето место меѓу најгледаните серии во земјата за време на месец Рамазан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на агенцијата се истакнува дека процентот на гледаност изнесува 70,8 отсто и дека е проследена од околу 9 милиони гледачи дневно. 

Серијата во Мароко се емитува од 2011 година, синхронизирана е со марокански дијалект и е една од најгледаните на мароканските телевизии. Актерите во серијата имаат голема популарност во земјата. 

Претходно во Мароко, најгледани турски серии во Мароко беа „Ѓумуш“ и „Под липите“ (Ihlamurlar Altında). 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın