култура и уметност

Познати добитниците на „Istanbul Photo Awards 2020“

Во категоријата „Единечна фотографија за вест“ првата награда ја доби Јик Феи Лам за фотографијата насловена „Протести во Хонгконг“

Aişe Hümeyra Bulovalı   | 30.06.2020
Познати добитниците на „Istanbul Photo Awards 2020“

ИСТАНБУЛ (АА) - Жирито на Istanbul Photo Awards 2020, во организација на Агенција Анадолија, ги објави овогодишните победници.

Агенцијата Анадолија (АА) натпреварувањето го организираше по шести пат. Оваа година, тимот за информатички технологии на АА подготви онлајн платформа за оценување на фотографиите.

Во категоријата „Единечна фотографија за вест“ првата награда ја доби Јик Феи Лам за фотографијата насловена „Протести во Хонгконг“.

Меѓународното жири на 24-25 јуни преку видеоконференција ги одреди најдобрите единечни и сериja фотографии во категориите вести и спорт.

На Меѓународниот натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards“ спонзориран од „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) се дава резиме на настаните во 2019 година од Хонгконг до Газа.

На натпреварот, втората награда во категоријата „Единечна фотографија за вест“ ја доби фоторепортерот на Агенцијата „Франс-Прес“ (AFP), Махмуд ел Хамс, со фотографијата насловена „Погребот во Газа“, на која плачат мали девојчиња.

Фоторепортерот на „Ројтерс“, Ибрахим Абу Мустафа, со фотографијата „Ифтар меѓу урнатините во Палестина“ ја доби третата награда.

Во категоријата „Серија фотографии за вест“, првата награда ја доби Валерио Биспури за серијата фотографии „Затвореник“ со фотографиите од италијанските затвори.

Втората награда во категоријата „Серија фотографии за вест“ ја освои добитникот на наградата „Фото на годината“, Јик Феи Лам, чии фотографии се објавени во „Њујорк тајмс“, „Гардијан“, и „Фајненшел тајмс“.

Серијата фотографии на Алајн Шредер, кој ја доби третата награда, ги покажува напорите за да се спасат орангутаните од пожарите во дождовните шуми. Фотографиите се насловени како „Заштита на орангутаните“.

Фоторепортерот на полска „Газета виборча“ („Gazeta Wyborcza“), Јакуб Пожицки, со фотографијата насловена „Гимнастичари“ го освои првото место во категоријата „Единечна фотографија од спортот“.

Ричард Хиткот фоторепортерот на „Гети имиџес“, ја освои втората награда со фотографијата насловена „Втор пат шампион“. Третото место со фотографијата „Нуркач“ го освои италијанецот Андреа Стациоли.

Во категоријата „Серија фотографии од спортот“ првата награда ја доби фоторепортерот на „Гети имиџес“, Адам Прити, со серијата фотографии „Почеток на спортско искачување на Олимпијадата“, а второто место го освои со серијата фотографии од параолимписките спортисти. Фоторепортерот на Агенцијата „Франс-Прес“ (AFP), Френк Фифе ја освои третата награда во оваа категорија.

Добитникот на наградата за „Фотографија на годината“ ќе освои парична награда од 8.000 долари, првонаградените од другите категории ќе добијат по 5.000 долари, второнаградените по 3.000 долари, а третотот место е наградено со 1.500 долари.

Деталните информации за победничките фотографии може да се погледнат на „http://istanbulphotoawards.com/“.







На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.