култура и уметност

Започна 72. Кански филмски фестивал

По свеченото отворање на фестивалот беше прикажанa премиерата на филмот на американскиот режисер Џим Џармуш „The Dead Don't Die“

Yusuf Özcan   | 15.05.2019
Започна 72. Кански филмски фестивал

КАН (AA) – Во францускиот град Кан започна 72. Кански филмски фестивал, еден од најзначајните на полето на кинематографијата во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Оваа година, 72. Кански филмски фестивал ќе трае до 25 мај. По свеченото отворање на фестивалот беше прикажана премиерата на филмот на американскиот режисер Џим Џармуш, „Мртвите не умираат“ („The Dead Don't Die“). 

На овогодинешниот фестивал, претседател на жирито ќе биде мексиканскиот режисер, оскаровецот Алехандро Гонзалес Ињариту, режисер на филмовите „Повратник“ („The Revenant“) и „Човек птица“ („Birdman“). 

Покрај Ињариту, членови на жири-комисијата се 21-годишната американска актерка Ел Фанинг, францускиот режисер по потекло од Гвинеја, Маимоуна Н’Диаје, американскиот режисер Кери Рајнхард, полскиот филмски режисер и продуцент, Павел Павликовски, францускиот сценарист, режисер и сценарист на цртани филмови Енки Билал, францускиот режисер и сценарист Робин Кампиљо, режисерката и актерка од Италија, Алис Рохвахер и грчкиот режисер Јоргос Лантимос. 

Филмот „Си беше еднаш во Холивуд“ („Once Upon A Time In Hollywood“) во кој во главните улоги се појавуваат познатите актери Бред Пит и Леонардо ди Каприо е еден од филмовите што привлекува најмногу внимание. 

За „Златната палма“ и наградите во главната категорија оваа година ќе се натпреваруваат вкупно 21 филм. Тоа се филмовите: 

- „Мртвите не умираат“ („The Dead Don't Die“) на режисерот Џим Џармуш

- „Болка и слава“ („Douleur et gloire“) на режисерот Педро Алмодовар 

- „Предавник“ („Il Traditore“) на режисерот Марко Белокио 

- „Езерото на дивите гуски“ („The Wild Goose Lake“) на режисерот Диао Јинан

- „Паразит“ („Parasite“) на режисерот Сјо Бонг Џун 

- „Младиот Ахмед“ („Le jeune Ahmed) на режисерите Жан-Пјер и Лук Дарден

- „Roubaix, une lumiere“ на режисерот Арно Деплешен 

- „Атлантик“ („Atlantique“) на режисерот Мати Диоп 

- „Mathias et Maxime“ на режисерот Ксавие Долан

- „Малиот Џо“ („Little Joe“) на режисерката Џесика Хауснер 

- „Mektoub My Love: Intermezzo“ на режисерот Абделатиф Кешиш

- „Sorry we missed you“ на режисерот Кен Лоуч

- „Клетници“ („Les miserables“) на режисерот Лаџ Лај

- „A Hidden Life“ на режисерот Теренс Малик 

- „Bacurau“ на режисерите Клебер Мендонча Фиљо и Жулијано Дорнелес

- „La Gomera“ на режисерот Корнелију Порумбоју 

- „Френки“ („Frankie“) на режисерот Ира Сахс 

- „Portrait de la jeune fille en feu“ на режисерот Селин Скјама 

- „It must be heaven“ на режисерот Елија Сулејман

- „Си беше еднаш во Холивуд“ („Once Upon A Time In Hollywood“) на режисерот Квентин Тарантино

- „Сибил“ („Sybil“) на режисерот Жастин Трие 

Фестивалот кој ќе трае 12 дена, ќе го следат повеќе од 4.000 новинари од 90 земји. За фестивалот акредитирани се 2000 медиумски организации. Се очекува во Кан да дојдат околу 200.000 посетители. 

Околу 700 полицајци ќе се грижат за безбедноста на фестивалот. На најпрометната улица во градот, „Круазет“ се поставени 665 големи бетонски саксии за да се спречи каков било напад со автомобил. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın