култура и уметност

Во Бурса се одржува натпревар за народни игри, учествува и ансамбл од Северна Македонија

На фестивалот вчера настапија ансамбли од следните земји: Северна Македонија, Косово, Сенегал, Кина, Аргентина, Бангладеш, Узбекистан,Туркменистан и Венецуела

Mustafa Bikeç   | 12.07.2019
Во Бурса се одржува натпревар за народни игри, учествува и ансамбл од Северна Македонија ( Foto: Mustafa Bikeç - Anadolu Agency )

БУРСА (АА) – Во Бурса, Република Турција, се одржува 33. Меѓународен натпревар за народни игри, во организација на Фондацијата за култура, уметност и туризам во Бурса, а меѓу учесниците е и културно-уметничкото друштво Илинден од Битола, јавува Anadolu Agency (AA).

Во рамките на настанот, вчера ансамблите од 9 земји, во отворениот театар „Kültürpark“ (Културен парк) ги изведоа своите народни игри.

На фестивалот вчера настапија ансамбли од следните земји: Северна Македонија, Косово, Сенегал, Кина, Аргентина, Бангладеш, Узбекистан,Туркменистан и Венецуела.

Инаку, на 33. Меѓународен натпревар учествуваат ансамбли од вкупно 24 земји.

Активноста ќе заврши денес, на 12 јули. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın