култура и уметност

Бурхан Шабан во Скопје го промовираше својот прв албум на албански јазик

Музичкиот уметник Бурхан Шабан рече дека уметничкиот живот го започна во Босна и Херцеговина, а потсети дека роден е во Скопје каде има блиски пријатели Албанци, затоа одлучил да подготви албум со духовна музика и на албански јазик.

Husamedin Gina   | 30.04.2021
Бурхан Шабан во Скопје го промовираше својот прв албум на албански јазик ( Foto: Husamedin Gina / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Познатиот балкански изведувач на духовна музика Бурхан Шабан денеска во Скопје го промовираше неговиот нов и прв албум и видео запис на албански јазик насловен „Слободен Роб“ (Rob i lirë) , јавува Агенција Анадолија (АА).

На настанот организиран по повод промоцијата на албумот, Бурхан Шабан потсети дека во светот на музиката работи повеќе од 30 години, додавајќи дека на интернет е познат и како музички уметник од Босна и Херцеговина.

Наведувајќи дека уметничкиот живот го започна во Босна и Херцеговина, рече дека роден е во Скопје, има блиски пријатели Албанци во Скопје и затоа одлучил да подготви албум со духовна музика и на албански јазик, а со тоа да се упати и пораката дека „ние во овие области сме заедно, ќе продолжиме да бидеме заедно и ќе бидеме моќни."

Тој посебно се осврна на духовната песна насловена како „Слободен Роб“ и рече дека целиот албум се состои од 10 песни.

„Се работи за еден поинаков албум. Има 10 песни. Особено, тука би сакал да го споменам името на авторот на првата песна, Фатмир Муја. Напиша прекрасна песна. За оваа песна снимивме и видео спот. Целиот албум се состои од 10 песни, од кои 7 се на албански јазик. Дадовме се од себе. Направена е многу професионална работа“, потенцираше Шабан.

Додавајќи дена целта на албумот е љубителите на музиката да бидат задоволни, Шабан рече дека се надева во тоа дека овој проект ќе биде успешен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.