Турција, Коронавирус

Чавушоглу: „98 турски иселеници починаа од Ковид-19“

- Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу: „Досега евакуиравме над 20.000 турски државјани од повеќе од 50 држави“

Gözde Bayar   | 01.04.2020
Чавушоглу: „98 турски иселеници починаа од Ковид-19“

АНКАРА 

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу изјави дека вкупно 98 турски иселеници починале од последиците на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Евакуиравме над 20.000 турски државјани од повеќе од 50 држави“, рече Мевлут Чавушоглу за „TRT World“, турски државен телевизиски канал за вести на англиски јазик.

Чавушоглу соопшти дека речиси 10.000 турски државјани се наоѓаат во странство, додавајќи дека Турција ќе продолжи да ги евакуира своите државјани во странство во согласност со политиката за карантин на земјата.

Турција ги става евакуираните под 14-дневен карантин, откако се враќаат од странство, како дел од мерките против ширењето на коронавирусот.

Чавушоглу рече дека имал телефонски повик со неговиот алжирски колега Сабри Букадом и дека Турција ќе врати речиси 1.900 Алжирци до петок.

Во врска со Национална кампања за солидарност, која е покрената за да се помогне во борбата против Ковид-19, тој рече дека кампањата ги привлекла турските државјани во странство.

Кампањата ќе обезбеди дополнителна поддршка на лицата со ниски приходи кои страдаат од економски проблеми заради преземените мерки против ширењето на вирусот.

Министерството за здравство на Турција соопшти дека бројот на починати во Турција од коронавирусот се искачи на 214, а бројот на потврдени случаи на заразување со коронавирус изнесува на 13.531.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın