спорт, Коронавирус

Фудбалер на турски Фенербахче позитивен на коронавирус

„Сите фудбалери на првиот тим, стручниот штаб и медицинскиот тим денес поминаа тест за коронавирус во комплексот Џан Барту“

Mücahit Hüseyin Eroğul   | 25.03.2020
Фудбалер на турски Фенербахче позитивен на коронавирус

ИСТАНБУЛ (AA) - Фудбалер на турскиот прволигаш Фенербахче и член на клупскиот медицински тим се позитивни на коронавирусот (Ковид-19), потврдено е од клубот, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сите фудбалери на првиот тим, стручниот штаб и медицинскиот тим денес поминаа тест за коронавирус во нашиот комплекс Џан Барту“, наведено е во соопштението во кое се додава:

„Испитувањето кај еден фудбалер и кај еден од членовите на медицинскиот тим покажа наоди на коронавирус. Поради детално испитување на наодите и лекување префрлени се во болница“, стои во соопштението на Фенербахче.

Не е откриено името на фудбалерот кој е позитивен на коронавирус.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın