спорт, Коронавирус

Фудбалерот Серхио Рамос донираше медицинска опрема за борба против коронавирусот

Рамос соопшти дека донацијата ја направил преку Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и дека материјалите во Шпанија ќе пристигнат во петок (27 март)

Abdulkadir Karakaya   | 25.03.2020
Фудбалерот Серхио Рамос донираше медицинска опрема за борба против коронавирусот

АНКАРА (АА) - Капитенот на шпанскиот фудбалски тим Реал Мадрид, Серхио Рамос, соопшти дека донирал здравствена опрема за борба против новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

Шпанскиот фудбалер на својот профил на социјалните мрежи објави дека за својата земја донирал 264.571 маски, 15.000 тестови за коронавирус и 1.000 парчиња заштитна опрема.

Рамос истакнувајќи дека донацијата ја направил преку Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) рече дека материјалите во Шпанија ќе пристигнат во петок (27 март).

УНИЦЕФ заблагодарувајќи се на Рамос за помошта, потсети дека Рамос е амбасадор на УНИЦЕФ.

Во Шпанија досега има 3.434 смртни случаи од коронавирус и е втора земја со најголем број смртни случаи во светот, по Италија.

Шпанија има сериозни проблеми во однос на здравствената опрема.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.