свет, Коронавирус

Франција и Германија ги зајакнаа мерките против Ковид-19 на границите

Франција и Германија се согласија да изменат одредени правила и да избегнат целосно затворање на границите.

Ekip   | 01.03.2021
Франција и Германија ги зајакнаа мерките против Ковид-19 на границите

ПАРИЗ

Патниците што ќе патуваат од Франција во Германија од 2 март ќе мора да приложат негативен тест за Ковид-19 или ПЦР-тест направен во последните 48 часа и електронска декларација за нивната цел на патувањето, според новите здравствени мерки, со цел да се намали зголемениот број заразени со новата варијанта на вирусот во североисточниот француски регион Мозел, јавува Агенција Анадолија (АА).

Двете земји се согласија да изменат одредени правила и да избегнат целосно затворање на границите.

„Француските и германски власти се согласија за потребата да се избегне какво било затворање на границите и ќе продолжат да дискутираат во наредните денови за сите можни средства за ублажување на овие ограничувања во зависност од развојот на здравствената ситуација“, се соопштува од одделот на Мозел.

Францускиот државен секретар за европски прашања, Клемент Бон, за вестите на телевизијата „Бе-еф-ем“ (BFMTV) изјави дека контролите на овие тестови нема да се извршуваат на граничната точка, туку по случаен избор, во компании, за да се олесни работата на пограничните работници.

Границата ќе остане затворена за јавните и приватните транспортни компании, што ќе влијае на редовните услуги со автобуси и трамваи меѓу Сар и Мозел.

На почетокот од оваа недела, француските официјални претставници во консултација со нивните германски колеги најавија нови здравствени мерки од 1 март, што им овозможува на прекуграничните работници или жители да ги претстават резултатите од ПЦР-тестот на неделно ниво. За останатите патници, влезот е дозволен само со задолжителен ПЦР-тест којшто нема да биде постар од 72 часа.

Сепак, одлуката на германскиот Институт „Роберт Кох“, владина агенција и институт за истражување одговорен за контрола и превенција на болести, да го додаде Мозел во списокот за „област на варијанта на вирусот“, барајќи секојдневно тестирање на неговите жители што ја преминуваат германската граница од 2 март, не помина добро со Франција.

Бон рече дека жали за германската одлука бидејќи строгите мерки ќе предизвикаат забавување на границата и ќе влијаат на француските работници кои треба да ја преминат границата заради работа.

Тој додаде дека Франција преговара со своите колеги во Германија, бидејќи сака да ги избегне ограничувањата за дневните ПЦР-тестови за 16.000 работници од Мозел.

„Тие не ја преминуваат границата за туристички цели туку за работа, тоа е проблем. Затоа преговараме“, додаде тој.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın