свет, Коронавирус

Франција: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се зголеми на 4.503 лица

Саломон информираше дека 6.399 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 12.428

Yusuf Özcan   | 02.04.2020
Франција: Вкупната бројка на починати од Ковид-19 се зголеми на 4.503 лица

ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 4.503 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Жероме Саломон, генерален директор во Министерството за здравство на Франција на прес-конференција истакна дека во последните 24 часа кај 2.136 лица е откриен Ковид-19, со што вкупната бројка на лица заразени со овој вирус во земјата се искачи на 59.105 лица.

Саломон информираше дека 6.399 од вкупно заразените лица со Ковид-19 се наоѓаат во интензивна нега, додека бројот на излекувани лица кои потоа биле отпуштени од болница, се искачи на 12.428.

Според Саломон, во последните 24 часа починале 471 лице, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 4.503 лица.

Тој нагласи дека капацитетот на одделенијата за интензивна нега бил зголемен од 5.000 на 9.000, додека според него, поради проблемот со капацитет на болниците, досега вкупно 439 лица биле пренесени во други болници.

Од друга страна, во соопштението на Генералштабот на француската Армија се наведува дека четири војници кои служат во Сахеловиот Појас во Африка во рамки на француската операција Баркане, се позитивни на Ковид-19, од кои тројца се донесени во Франција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın