свет, Коронавирус

Франција: Бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 28.289

Потврдени се уште 403 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 219.082

Yusuf Özcan   | 22.05.2020
Франција: Бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 28.289

ПАРИЗ

Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 28.289 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Овие информации преку соопштение ги соопшти Министерството за здравство на Франција.

Потврдени се уште 403 нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 219.082.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 17.383 лицa, од кои 1.701 се наоѓаат во интензивна нега.

Од Ковид-19 се излекувани уште 373 лица, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус се искачи на 64.209.

Во последните 24 часа во болници починале 74 лица поради Ковид-19, додека вкупниот број на починати во земјата како последица на овој вирус, се искачи на 28.289.

Во соопштението не е споделена бројката на починатите во последните 24 часа во домовите за стари лица, додека се нагласува дека оваа бројка ќе се ажурира на 25 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın