свет, Коронавирус

Франција: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 29.965

Во земјата во последните 24 часа починаа уште 32 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 29.965

Yusuf Özcan   | 08.07.2020
Франција: Бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 29.965

ПАРИЗ (АА) - Бројката на починати лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Франција се искачи на 29.965 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Институтот за јавно здравје на Франција истакна дека во последните 24 часа детектирани се 663 случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка заразени достигна 204.625.

Во земјата во последните 24 часа починаа уште 32 лица, со што вкупниот број на починати во земјата порасна на 29.965.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 7.297 лица, од кои 529 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.

Од Ковид-19 се излекувани уште 331 лице, со што вкупната бројка на излекувани лица од овој вирус се искачи на 77.996.

Бројот на пациентите на интензивна нега се намалува 91 ден последователно.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın