наука и технологија, Коронавирус

Уште една турска кандидат вакцина против Ковид-19 ја започнува првата фаза од испитувањата

„Добивме вест дека вакцината кандидат развиена од проф. д-р Осман Ерганиш, од Универзитетот „Селчук“, ги завршила претклиничките студии и ќе започне со испитувањата од првата фаза...“

Abdullah Yasin Güler   | 20.04.2021
Уште една турска кандидат вакцина против Ковид-19 ја започнува првата фаза од испитувањата

АНКАРА (АА) - Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, изјави дека оваа недела уште една турска кандидат вакцина против Ковид-19 ќе започне со испитувањата од првата фаза, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Добивме вест дека вакцината кандидат развиена од проф. д-р Осман Ерганиш, од Универзитетот „Селчук“, ги завршила претклиничките студии и ќе започне со испитувањата од првата фаза. Ако даде Господ, испитувањата во првата фаза ќе започнат во среда [утре]“, рече Октај во интервју за телевизискиот канал „Јозгат Чамлик ТВ“.

Истакнувајќи дека во моментов има 18 домашни истражувања на вакцини против Ковид-19 и дека седум од нив ветуваат многу, Октај додаде дека од тие седум студии за четири кандидат вакцини веќе се спроведуваат клинички студии.

Октај исто така изјави дека друга кандидат вакцина, развиена од проф. д-р Ајкут Оздарендели од Универзитетот во Кајсери, „Ерџијес“, наскоро ќе започне со испитувањата од третата фаза, што е последна фаза.

Во врска со одлуката на Уставниот суд на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) за курсевите за учење Куран, Октај изјави дека објавувањето на одлуката во првите денови од муслиманскиот свет месец Рамазан не е со добра намера во однос на тајмингот.

Тој истакна дека како резултат на интензивните консултации со претседателот на ТРСК, Ерсин Татар, премиерот Ерсан Санер и ресорните министри, нема да има прекин и курсевите ќе продолжат.

Додаде дека во минатото, турската нација страдала од погрешното толкување на лаиците, и истакна дека нема да се дозволи да се случи истото во Турската Република Северен Кипар.

Осврнувајќи се на последните случувања во однос на ТРСК, турскиот потпретседател рече дека сега постои димензија што страните можат да разговараат за решение на платформа заснована на суверена еднаквост на две држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.