свет, Коронавирус

Универзитетот „Оксфорд“ вакцината против Ковид-19 планира да ја тестира кај Африканците

Според студијата, споделена на платформата каде што се евидентирани меѓународни клинички испитувања на СЗО за Ковид-19, новата вакцина ќе се тестира во Кенија кај 400 лица над 18-годишна возраст

Tufan Aktaş   | 27.05.2020
Универзитетот „Оксфорд“ вакцината против Ковид-19 планира да ја тестира кај Африканците

ИСТАНБУЛ (АА) – Вакцината што Универзитетот „Оксфорд“ се обидува да ја развие против новиот вид коронавирус, Ковид-19, ќе биде тестирана кај возрасни лица во Кенија, една од африканските земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според студијата, споделена на платформата каде што се евидентирани меѓународни клинички испитувања на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, новата вакцина ќе се тестира во Кенија кај 400 лица над 18-годишна возраст.

Студијата, чиј локален партнер е Медицинскиот институт за истражување на Кенија (KEMRI), се планира да трае приближно 2 години.

Се забележува дека само здравствените работници, како лекари, медицински сестри и фармацевти, ќе можат да учествуваат во програмата за вакцинација, на доброволна основа.

Исто така се наведува дека доброволците врз кои ќе се тестира вакцината ќе бидат избрани од градовите Килифи и Момбаса, каде е проширен вирусот.

- Не е познато дали Владата ја одобрила програмата -

Претседателот на Кенија, Ухуру Кенијата, минатиот месец објави дека Кенијците нема да се користат како експерименти за тестирање на вакцината.

Сè уште не е познато дали Владата ја има одобрено тековната програма.

Универзитетот „Оксфорд“ минатиот месец соопшти дека доколку вакцината биде успешна, постигнал договор со фармацевтскиот гигант „AstraZeneca“ за нејзино производство и дистрибуција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.