Турција, Коронавирус

Турција ја започна имунизацијата против коронавирусот со вакцинирање на здравствените работници

Агенцијата за лекови и медицински производи на Турција (TITCK) вчера ја одобри итната употреба на вакцината на КоронаВак, која ја разви компанијата од Пекинг, СиноВак

14.01.2021
Турција ја започна имунизацијата против коронавирусот со вакцинирање на здравствените работници

АНКАРА (АА) - Во Турција денес започна вакцинацијата против коронавирусот и тоа прво од здравствените работници, јавува Агенција Анадолија (АА).

Вчера, министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, ја прими кинеската вакцина против коронавирусот КоронаВак (CoronaVac) и стана прво лице кое ја прими таа неодамна развиена вакцина.

Агенцијата за лекови и медицински производи на Турција (TITCK) вчера ја одобри итната употреба на вакцината на КоронаВак, која ја разви компанијата од Пекинг, СиноВак (SinoVac).

Три милиони дози од вакцината пристигнаа на 30 декември во Турција. Префрлени се во медицинско складиште на Министерството за здравство, а примероците на вакцината се однесени во лабораторијата на Агенцијата за лекови и медицински производи на Турција на испитување кое траеше 14 дена.

Инаку, вакцинацијата ќе биде спроведена во четири чекори. Во првиот чекор се вакцинираат здравствените работници, лица постари од 65 години и возрасни лица кои живеат во пренаселени места, како што се засолништата.

Потоа следуваат работниците во клучните служби, луѓето постари од 50 години лица со барем една хронична болест. Во третата фаза, вакцините ќе ги примат лицата помлади од 50 години со барем една хронична болест, младите и оние кои работат. Во завршната фаза ќе бидат вакцинирани сите преостанати лица.

Граѓаните ќе мора преку интернет да закажат термин за примање на вакцините. Ќе бидат применети две дози во интервал од 28 дена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.