Турција, Коронавирус

Турција: Универзитетски тим разви стетоскоп за дијагностицирање на Ковид-19

- Стетоскопот може да го анализира звукот преку вештачка интелигенција и дијагностицира болести на белите дробови, вклучувајќи го новиот тип коронавирус

Erdoğan Çağatay Zontur   | 16.07.2020
Турција: Универзитетски тим разви стетоскоп за дијагностицирање на Ковид-19

ИСТАНБУЛ

Турскиот Универзитет „Богазичи“ разви стетоскоп кој со помош на вештачка интелигенција може да го анализира звукот во белите дробови и дијагностицира болести, вклучувајќи го и новиот тип коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).

Стетоскопот е развиен од страна на Јасемин Паландуз Каја, професорка на Факултетот за електротехника и електроника и нејзиниот тим во компанијата „Електросалус“ во рамките на иницијатива поттикната од Универзитетот.

„Во 1980 година на мојата ќерка на млада возраст ѝ беше дијагностицирана пневмонија. Беше потребно да се направи рендген за да се потврди дијагнозата направена со стетоскоп, па тогаш се запрашав како може да се користат звуците во попрецизен метод за дијагностицирање“, рече Каја за АА.

Потоа Каја започнала истражување за пронаоѓање посигурен инструмент за слушање, снимање и анализирање на звуците на дишењето.

„Пред сѐ, дизајнирав електронски уред кој снима звуци во поширок опсег на фреквенции во споредба со конвенционалниот стетоскоп.“

Со собирање податоци од пациенти со различни дијагнози во болниците, развиени се различни алгоритми за откривање и класифицирање на дополнителни звуци што укажуваат на симптоми на разни болести.

Професорката Каја рече дека сакале системот да го направат мобилен, така што секој да може да го користи во своите паметни телефони преку безжична комуникација, додавајќи: „Значи, ги создадовме и развивме следниве три главни елементи: мал уред што може да слуша и да снима звуци на дишење, апликација за мобилни уреди, интелигентни алгоритми кои постојано учат и ја поддржуваат дијагнозата на лекарот со главниот компјутер.“

Со развивање на различни модели, Каја и нејзиниот тим исто така дизајнираа модел којшто е погоден за носење со 14 точки на слушање.

Каја рече дека обезбедиле патент за паметен стетоскоп во САД и во 24 европски земји, вклучувајќи ја и Турција.


- Стетоскопот може да се користи и за дијагностицирање на Ковид-19

„Верувам дека оваа технологија ќе има големи придобивки во воспоставувањето дијагноза за Ковид-19 и за слични здравствени состојби“, додаде Каја.

Таа рече дека лекарите можат да ја следат состојбата на нивните пациенти од далечина, слушајќи ги звуците на дишењето.

Каја и нејзиниот тим исто така креираа веб-страница - covid19oksuruktesti.org - која ги снима звуците на дишење и кашлање.

„Со звуците добиени овде, целта е да се развијат паметни алгоритми специфични за пациенти со Ковид-19 и да се спроведе дополнителен дијагностички тест“, истакна провесорката Каја.

„По потребните студии за акредитација и сертификација, сакаме да го произведеме паметниот стетоскоп, како комплетно турски технолошки производ, како на националниот така и на меѓународниот пазар. Наша цел е да го направиме паметниот стетоскоп широко корисен медицински дијагностички уред, исто како и дигиталниот термометар“, додаде таа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın