Турција, Коронавирус

Турција: Регистрирани над 5.600 новозаразени со коронавирусот

Вкупно во земјата досега регистрирани се над 2,43 милиони случаи на вирусот, додека сметајќи ги 137-те смртни случаи во изминатите 24 часа, бројот на досега починати од вирусот во земјата се искачи на 25.210

Havva Kara Aydın,Jeyhun Aliyev   | 26.01.2021
Турција: Регистрирани над 5.600 новозаразени со коронавирусот

АНКАРА (АА) - Во Турција денес се регистрирани над 5.600 нови случаи на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Турското Министерство за здравство објави дека се евидентирани вкупно 5.642 новозаразени.

Вкупно во земјата досега регистрирани се над 2,43 милиони случаи на вирусот, додека сметајќи ги 137-те смртни случаи во изминатите 24 часа, бројот на досега починати од вирусот во земјата се искачи на 25.210.

Во истиот период оздравени се уште 6.682 пациенти, со што бројот на излекувани лица достигна 2,31 милион.

Во Турција досега се тестирани над 28,64 милиони луѓе, а во претходните 24 часа 151.109.

Последните податоци покажуваат и дека бројот на пациенти заразени со коронавирусот во критична состојба се намалил на 1.808.

Турција започна масовна вакцинација против коронавирусот на 14 јануари и тоа од здравствените работници.

Досега, над 1,2 милиони луѓе ја примија првата доза на кинеската вакцина „коронавак“.

Од минатиот месец, Турција воведе полициски час во текот на ноќта и за време на викендите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın