Турција, Коронавирус

Турција: Кучињата К9 до последната фаза во дијагностицирањето на лицата со Ковид-19

„Може да кажеме дека способноста на кучињата К9 да тестираат Ковид-19 е над 94 проценти. Ова ќе биде објавено со научни докази... По оваа публикација ќе преминеме на четвртата фаза, а тоа е имплементација на аеродроми и слични места.“

Kenan Irtak   | 13.01.2022
Турција: Кучињата К9 до последната фаза во дијагностицирањето на лицата со Ковид-19 Фото: Yasin Aras/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - КЕНАН ИРТАК -

Преку обука и експерименти е откриено дека кучињата К9, кои се користат за откривање експлозиви и лекови, ги откриваат пациентите заразени со Ковид-19 преку мирисот што го испуштаат, јавува Агенција Анадолија (АА).

Кучињата К9 од безбедносните сили долги години се користат како помошници во пронаоѓање експлозиви и дрога.

Овие животни, чие сетило за мирис е многу поразвиено од човечкото, можат да откријат и некои болести кај луѓето.

Компанија за обезбедување со седиште во Истанбул, исто така спроведе научна студија која вклучува употреба на кучиња К9 за откривање позитивни случаи на Ковид-19.

Во овој контекст завршија студиите од околу една година спроведени од страна на Болницата за обука и истражување „Сади Конук“ во Бакиркој, Факултетот за ветерина „Черахпаша“ при Универзитетот „Истанбул“ и компанијата „ТАВ Безбедност“.

Тургај Шахан, генералниот директор на „ТАВ безбедност“, за Агенција Анадолија (АА) истакна дека во 2019 година основале центар за обука на кучиња К9.

Шахан потсети дека кучињата К9, чие сетило за мирис е 100.000 пати поразвиено од истото сетило кај луѓето, долги години се вклучени во откривањето на болести во различни земји во светот.

Наведувајќи дека за оваа студија тргнале од способноста на кучињата да откриваат експлозиви и болести, Шахан рече: „Изминатиот период, од една страна продолжи основната обука на кучињата за мирис, од друга страна ја обезбедивме потребната опрема и ги завршивме сите подготовки за тестирањата.“

- „Сметаме дека тоа ќе ни ја олесни работата“-

Истакнувајќи дека слични студии се спроведуваат од различни земји во светот, Шахан нагласи:

„Земајќи ги предвид потребите на нашиот географски простор и нашата земја увидовме дека има потреба од ваква студија. Тргнавме со одлуката донесена од нашето раководство. Поддршката од јавните власти беше многу важна. ПЦР-тестирањето, тестовите за антигени и антитела се суштината при откривањето на Ковид-19. Нашите откритија со кучињата К9 нема да го попречат ова медицинско тестирање, туку ќе ни ја олеснат работата.“

Шахан, исто така, додаде дека нивната работа е научно истражување и се состои од четири одделни фази.

- Способноста на кучињата К9 да тестираат Ковид-19 е над 94 проценти -

Тој додаде дека кучињата К9 успешно ја поминале обуката:

„Втората фаза траеше повеќе од шест месеци. Денес може да кажеме дека способноста на кучињата К9 да тестираат Ковид-19 е над 94 проценти. Ова ќе биде објавено со научни докази, откако нашите партнери ќе ги добијат потребните дозволи. Тоа ќе биде третата фаза од проектот. По оваа публикација ќе преминеме на четвртата фаза, а тоа е имплементација на аеродроми и слични места.“

- Кучињата ги регистрираа сите варијанти -

Тренерот на кучињата К9, Оркун Кара, рече дека 10 кучиња се обучени да откриваат пациенти со Ковид-19.

Истакнувајќи дека сите кучиња постигнуваат одреден степен на успех, Кара рече: „Речиси сите наши кучиња се повеќе од 90 проценти успешни. Сепак, кај некои од нашите кучиња процентот на успех е повисок.“

Кара нагласи дека кучињата ќе работат во преполни средини на начин што нема да ги заплашува луѓето.

Опишувајќи го образовниот процес, Кара рече:

„Земаме примероци од пот од пазувите од пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Примероците ги носиме во кесички и продолжуваме да тренираме со кучињата. Ги учиме да ги запомнат овие мириси. Во моментов, сите наши кучиња ги имаат запомнето сите варијанти. Кучињата ги знаат овие мириси. Тие, кога ќе ја пронајдат позитивната супстанција, седнуваат. Нашите кучиња се кучиња за откривање експлозиви. Тие познаваат околу осум вида експлозиви. Кучињата можат да детектираат мириси од растојание 8-10 сантиметри.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın