свет, Коронавирус

Турција: Излекувани 80 отсто од случаите со Ковид-19

Во последните 24 часа починаа уште 21 лице како последица на Ковид-19, а излекувани се уште 1.922 пациенти

Merve Yıldızalp Özmen   | 06.06.2020
Турција: Излекувани 80 отсто од случаите со Ковид-19

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 135.322, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 35.846 тестирања за Ковид-19, од кои 878 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 21 лице како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.922 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 2.303.258 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 169.218 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.669 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 591 лица, 264 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 135.322 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„80 отсто од случаите се излекувани. Бројот на новоизлекувани пациенти достигна речиси 2.000. Поголемиот дел од позитивните пациенти се асимптоматски и болеста ја поминуваат дома. Со подобри мерки до подобри резултати“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın