Турција, Коронавирус

Турција: Започна вакцинацијата на лицата постари од 80 години

Министерот за здравство, Фахретин Коџа, потврди дека постарите граѓани ќе бидат вакцинирани во согласност со планот на националниот Научен советодавен одбор за коронавирусот

Ali Murat Alhas   | 25.01.2021
Турција: Започна вакцинацијата на лицата постари од 80 години

АНКАРА (АА) - Во Турција денес започна вакцинацијата на лицата постари од 80 години во склоп на програмата за вакцинација против коронавирусот во целата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство, Фахретин Коџа, на Твитер потврди дека постарите граѓани ќе бидат вакцинирани во согласност со планот на националниот Научен советодавен одбор за коронавирусот.

Според податоците на Министерството, Турција досега вакцинираше повеќе од 1,25 милиони лица низ земјата, од кои поголемиот дел се здравствени работници што се борат со вирусот во првите борбени линии.

Коџа додаде дека секојдневната програма за вакцинација во земјата може да се следи преку интернет, а понатамошните информации за програмата за вакцинација ќе се споделуваат во текот на наредните денови за да напредува програмата.

Вкупниот број случаи на Ковид-19 во Турција денес надмина 2,42 милиони, бројот на оздравени надмина 2,3 милиони, а бројот на смртни случаи е 25.073.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın