Турција, Коронавирус

Турција го одобри трансферот на респираторните уреди во Шпанија

„Запленување на (медицинските) материјали е одвратно обвинение“, рече Чавушоглу во својот говор емитуван во живо и нагласи дека исто така и Министерството за надворешни работи на Шпанија ги критикувало овие наводи

Ali Murat Alhas   | 05.04.2020
Турција го одобри трансферот на респираторните уреди во Шпанија

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека турската Влада го одобрила трансферот на респираторните уреди во Шпанија, и ги негираше тврдењата дека турската администрација се обидува да ги заплени медицинските уреди во време на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Запленување на (медицинските) материјали е одвратно обвинение“, рече Чавушоглу во својот говор емитуван во живо и нагласи дека исто така и Министерството за надворешни работи на Шпанија ги критикувало овие наводи.

Инаку, министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалез Лаја, истакна дека респираторните уреди купени од страна на две автономни управи во нејзината земја, ќе стигаат до Шпанија како резултат на солидарноста која ја покажала Турција.

„Турција која е наш пријател и партнер, покажа великодушност и донесе одлука за испраќање респираторните уреди во Шпанија“, рече Лаја.

Таа остро ги критикуваше обвиненијата на шпанските опозициски партии против Турција поради овој настан.

„Најотворено и силно сакам да ги негирам неправедните обвиненија против Турција. Беа направени неточни обвинувања (како „заплени“, „украде“). Треба да се знае дека ваквите изрази користени во медиумите, во јавноста и од страна на политичките партии ги нарушуваат нашите билатерални односи“, нагласи Лаја.

Шефицата на шпанската дипломатија во објава на на Твитер упати благодарност до Турција и до шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, и додаде: „Упатуваме благодарност за гестот на Турција која е пријател и сојузник“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.