Турција, Коронавирус

Турција во Либија испрати 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19

„Со инструкции на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и по извршените подготовки, авионот на нашето воено воздухопловство со 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19 полета од аеродромот ‘Етимесгут‘ во Анкара кон Либија...“

Mümin Altaş   | 14.04.2021
Турција во Либија испрати 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА (АА) - Турција испрати 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19 за Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека авионот на Воздухопловните сили на Турција со 150.000 дози од вакцините против Ковид-19 полетал за Либија.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува:

„Со инструкции на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и по извршените подготовки, авионот на нашето воено воздухопловство со 150 илјади дози од вакцините против Ковид-19 полета од аеродромот ‘Етимесгут‘ во Анкара кон Либија. Вакцините ќе бидат доставени до нашите либиски браќа.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın