Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува речиси 183.000

- Во текот на изминатиот ден се извршени вкупно 52.193 тестирања, при што вкупниот број на извршени тестови изнесува над 3,68 милиони.

Gözde Bayar,Burak Dağ   | 06.07.2020
Турција: Бројот на оздравени пациенти од Ковид-19 изнесува речиси 183.000

АНКАРА

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа денес изјави дека во последните 24 часа во Турција од Ковид-19 оздравеле повеќе од 2.300 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Вкупно 2.315 заразени пациенти со Ковид-19 оздравеа, со што вкупниот број на оздравени лица изнесува 182.995“, изјави Коџа.

Податоците покажуваат дека во последните 24 часа се регистиррани 1.086 новозаразени лица, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 206.844.

Бројот на починати од последиците на вирусот се искачи на 5.241, при што во последните 24 часа починаа 16 лица.

Во текот на изминатиот ден се извршени вкупно 52.193 тестирања, при што вкупниот број на извршени тестови изнесува над 3,68 милиони.

Пандемијата на Ковид-19 одзеде над 535.100 животи во 188 земји и региони откако за прв пат се појави во кинескиот град Вухан минатиот декември.

САД, Бразил, Индија и Русија во моментот се најтешко погодени земји од вирусот.

До сега во светот се потврдени повеќе 11,49 милиони лица заразени со Ковид-19, а бројот на оздравени надминува бројка од 6,21 милиони, покажуваат податоците објавени од американскиот универзитет Џон Хопкинс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın