Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 180.680

Во последните 24 часа починаа уште 19 лицa како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.188 пациенти

Selma Kasap   | 05.07.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 180.680

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 180.680, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 46.414 тестирања за Ковид-19, од кои 1.148 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 19 лицa како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.188 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 3.630.480 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 205.758 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.225 лица.

На интензивна нега се наоѓа 1.127 лицa, 392 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 180.680 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„Градови во кои во регистрирани најголем број случаи во последните 3 дена се следни: Истанбул, Анкара, Газиантеп, Мардин, Коња, Бурса и Дијарбакир“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın