Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 131.778

Во последните 24 часа починаа уште 21 лицe како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 926 пациенти

Selma Kasap   | 04.06.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 131.778

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 131.778, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 54.234 тестирања за Ковид-19, од кои 988 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 21 лицe како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 926 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 2.209.583 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 167.410 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.630 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 602 лица, 265 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 131.778 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„Продолжува да се напали бројот на пациенти кои имаат потреба од интензвина нега. Наредните денови зависат од вниманието на хигиената на рацете, како и на почитувањето на правилата на носење маски и социјална дистанца. Со подобри мерки до подобри резултати“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın