Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 126.984

Во последните 24 часа починаа уште 26 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.021 пациент

Yıldız Aktaş   | 30.05.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 126.984

АНКАРА 

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 126.984, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 39.230 тестирања за Ковид-19, од кои 983 лице е позитивно на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 26 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.021 пациент.

Во Турција се извршени вкупно 2.003.594 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 163.103 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.515 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 649 лица, 308 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 126.984 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„Вкупната бројка на извршени тестирања надмина 2 милиони. За 3.000 е зголемен бројот на извршени тестирања во споредба со вчера. Бројот на нови откриени случаи е под 1.000. Наредните денови зависат од вниманието на хигиената на рацете, како и на почитувањето на правилата на носење маски и социјална дистанца. Со постриктни мерки до подобри резултати“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın