Турција, Коронавирус

Турција: Без несакани ефекти кај испитаниците на турската потенцијална вакцина против Ковид-19

- Тестирањата на турската потенцијална вакцина против Ковид-19 се одвиваат со планиран тек, а кај ниту еден испитаник не се забележани несакани ефекти, изјави ректорот на Универзитетот Ерџијес, Мустафа Чалиш

Dilan Pamuk   | 23.11.2020
Турција: Без несакани ефекти кај испитаниците на турската потенцијална вакцина против Ковид-19

КАЈСЕРИ

Тестирањата на турската потенцијална вакцина против Ковид-19 се одвиваат со планиран тек, а кај ниту еден испитаник не се забележани несакани ефекти, изјави ректорот на Универзитетот Ерџијес, Мустафа Чалиш, јавува Агенција Анадолија (АА).

Чалиш, ректорот на универзитетот во областа Кајсери, изјави дека 44 испитаници ја тестираат вакцината ЕРУКОВ-ВАК.

„Испитувањата во првата фаза се во тек. До денес се вакцинирани 44 испитаници, а никој од нив немаше несакани ефекти, што е многу важно за истражувања во првата фаза“, изјави Чалис.

Ректорот Чалиш додаде дека резултатите во првата фаза наговестуваат дека наскоро ќе започне втората фаза.

Тој појасни и дека истражувачкиот центар на универзитетот е единествен во Турција кој прави испитувања на вакцината, а кои се подложни на меѓународна контрола.

„Не можеме и нема да постигнеме компромис на квалитетот. Во овие услови, можам да кажам дека добрите вести се дека ќе започне Фаза 2“, изјави Чалиш.

Тој додаде оти се надева дека наскоро ќе бидат завршени сите фази и ќе добијат локална вакцина.

Со новиот тип на коронавирус, кој кон крајот на 2019 година изби во кинескиот град Вухан, заразени се околу 59 милиони луѓе ширум светот, а од последиците на вирусот починаа повеќе од 1,39 милиони.

Излекувани се околу 37,6 милиони заразени, покажуваат податоците од американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın