свет, Коронавирус

Тројца кинески производители на вакцини бараат пристап кон Ковакс системот

„Синовак, Синофарм и КанСиноБио поднесоа барање да се приклучат на механизмот што има за цел да обезбеди вакцини против Ковид-19 за сиромашните земји“

Riyaz Ul Khaliq   | 20.01.2021
Тројца кинески производители на вакцини бараат пристап кон Ковакс системот

АНКАРА (АА) - Тројца кинески производители на вакцини аплицираа за глобалниот механизам Ковакс, предводен од Светската здравствена организација (СЗО), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Синовак, Синофарм и КанСиноБио поднесоа барање да се приклучат на механизмот што има за цел да обезбеди вакцини против Ковид-19 за сиромашните земји“, изјавила портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на прес-конференција, јави весникот „Глобал тајмс“.

„Кинеските производители на вакцини против Ковид-19 се во комуникација со СЗО за претходно квалификување на листата за итни случаи“, додаде таа.

Освен овие три, во Кина се развиваат уште 12 кандидати за вакцини.

Вакцини против Ковид-19, направени во Кина, се нарачани од најмалку 18 земји - Индонезија, Бразил, Чиле, Турција, Филипини, Малезија, Тајланд, Украина, Сенегал, Унгарија, Перу, Србија, Пакистан, Саудиска Арабија, Мароко, Аргентина, Египет и ОАЕ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın