Турција, Коронавирус

Тренинг и во време на пандемијата: 80-годишен Турчин го претвори станот во теретана

- Кемал Јукселен, кој со години се занимавал со телоградба и освојувал награди и медали во тој спорт, стан во зградата во која живее го претвори во теретана и продолжис да тренира и за време на пандемијата.

Erkan Tiryaki   | 26.05.2020
Тренинг и во време на пандемијата: 80-годишен Турчин го претвори станот во теретана

АНКАРА 

- Еркан Тирјаки

Кемал Јукселен, 80 годишен старец од Турција, кој целиот свој живот се занимавал со спорт, ниту во деновите на пандемија на Ковид-19 не престана со вежбање, иако не можел да излегува надвор од својот дом, јавува Агенција Анадолија (АА).

Јукселен, кокој со години се занимавал со телоградба и освојувал награди и медали во тој спорт, стан во зградата во која живее го претвори во теретана и продолжис да тренира и за време на пандемијата.

Во разговор со новинарот на АА тој изјави дека едноставно не може да го замисли својот живот без спорт и дека морал да пронајде некое решение и за време на пандемијата.

Веднаш на почетокот на разговор се пофали дека, благодарение на спортот, нема никакви здравствени проблеми, иако има 80 години.

„Пред оваа епидемија во теретаната поминував шест дена во неделата. Откако беше донесена одлуката постарите лица дека не можат да излегуваат надвор, одлучив еден стан во нашата зграда да го претворам во теретана. Во дворот шетам и трчам, а во станот работам со тегови. Еве сега вежбам со тегови од 120-150 килограми. За обликување на телото и за здрав живот е доволна една просторија“, изјави овој Турчин.

Тој раскажа дека голем ден од денот го посветува на спортот и тренирање бидејќи тоа станало дел од неговиот карактер.

„Најпрво во дворот посветувам внимание на цвеќето, по што одам во теретаната во која тренирам. Сепак, едвај чекам да ги отворат фитнес центрите бидејќи таму имам доста пријатели на кои го пренесувам моето знаење. Младите сакаат да го искористат моето искуство во овој спорт. Кога започнав да тренирам, немаше фитнес центри. Купував американски списанија и вежбав движење кои ги гледав таму. Своите први тегови ги направив од бетон. Изминаа два месеци како не може да излегуваме надвор. Колку и да тренирам во станот, мислам дека не е доволно. Не може човек да трчи колку што ќе посака. Се поправив околу два до три килограми, но не изгубив ништо на мускулна маса“, додаде тој.

Тој на сите луѓе, особено на младите им порача дека секогаш може да се пронајде начин и време, доколку навистина постои желба да се тренира и да се води здрав живот.

„Се родив за време на Втората светска војна. Беше голема сиромаштија. Но мајка ми секогаш правеше џем од грозје. Јадевме големи количества од тој џем. На 14 години започнав да се занимавам со спорт. Тогаш во Анкара немаше никакви теретани, па тегови направив од бетон. Првите вежби ги правев со тегови. Потоа еден пријател во 1958 година ми рече дека некој Италијанец отворил теретана. Се запознав со него и му се допадна тоа што го правам. Тогаш почнав и веќе 65 години сум во овој спорт без прекин. Одев и на натпревари и освојував и медали. И понатаму одам на некои натпревари“, раскажа овој упорен старец во деветтата деценија од својот живот, кој очигледно најмалку размислува за своите години.

Тој работел како наставник сѐ до 2005 година, кога се пензионирал, а потоа истовремено започнал да тренира неколку спортови бидејќи имал многу повеќе време да се посвети себеси и на своето здравје.

„Во мојот живот спортот секогаш беше присутен. Никогаш не поминував ни ден без некој спорт. Секогаш ме мотивираа психолошките предности на спортот како и самодовербата која расте со тренирањето. Спортот, исто така е многу важен во погледот на здравјето“, изјави Јукселен на крајот од разговорот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın