Турција, Коронавирус

Телефонска средба Ердоган-Трамп: „Против Ковид-19 е потребна глобална солидарност и соработка“

На средбата, покрај билатералните прашања станало збор за регионалниот разој на настаните и пандемијата на новиот тип на коронавирусот кој е активен во светот

Sefa Mutlu   | 31.03.2020
Телефонска средба Ердоган-Трамп: „Против Ковид-19 е потребна глобална солидарност и соработка“

ИСТАНБУЛ

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган одржа телефонска средба со претседателот на САД Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението што го објави Министерството за комуникации на Турција се истакнува дека на средбата, покрај билатералните прашања станало збор и за регионалниот разој на настаните и пандемијата на новиот тип на коронавирусот кој е активен во светот.

Двајцата лидери се согласни дека борбата против пандемијата на новиот тип на коронавирус може да биде ефикасна само доколку постои глобална солидарност и соработка, додавајќи дека се одлучни во преземањето на неопходните чекори за споделување на најдобрите практики, податоци и искуства со цел да се преземе контролата врз разните ефекти на пандемијата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın