Коронавирус

Со Ковид-19 во светот заразени речиси 40 милиони луѓе

Во светот моментално има нешто повеќе од 8,95 милиони активно заразени лица, а оздравеа повеќе од 29,9 милиони луѓе

Emel Gözellik,Behlül Çetinkaya   | 18.10.2020
Со Ковид-19 во светот заразени речиси 40 милиони луѓе

АНКАРА 

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) потврдени се 39.987.440 случаи, а оздравеа 29.913.117 лица, јавува Агенција Анадолија (AA).

Интернет-страницата „Worldometer“ го објавува ажурираниот преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на заразувањето со Ковид-19 починале 1.115.025 лица.

Во светот моментално има 8.959.298 активно заразени лица, од кои 71.920 тешко болни.

Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 8.343.140 заразени и 224.283 починати.

Следува Индија со 7.494.550 заразени и 114.064 починати. Во Бразил се заразени 5.224.362 луѓе, а починаа 153.600.

Коронавирусот (Ковид-19) кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın