свет, Коронавирус

Со Ковид-19 во светот досега заразени над 99,78 милиони лица

Во светот моментално се 25.870.426 активно заразени лица, од кои 110.503 се во тешка состојба

Nuri Aydın,Gökhan Varan   | 25.01.2021
Со Ковид-19 во светот досега заразени над 99,78 милиони лица

АНКАРА (АА) - Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот заразени се 99.782.634 лица, а оздравени се 71.771.788 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на вирусот починаа 2.139.214 лица.

Во светот моментално се 25.870.426 активно заразени лица, од кои 110.503 се во тешка состојба.

Со пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД) со 25.702.125 заразени и 429.490 починати.

Коронавирусот се појави кон крајот на 2019 година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın