свет, Коронавирус

Состојбата со Ковид-19 во земјите од светот

- Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.801.645 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 176.082.702 лица, а оздравеа 159.667.299 лица претходно позитивни на коронавирусот

Oktaj Omeragikj   | 12.06.2021
Состојбата со Ковид-19 во земјите од светот

СКОПЈЕ

Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), според последните податоци, е причина за смртта на 3.801.645 луѓе во светот. Досега Ковид-19 е детектиран кај 176.082.702 лица, а оздравеа 159.667.299 лица претходно позитивни на коронавирусот, известува Агенција Анадолија (АА).

Според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), Соединетите Американски Држави (САД) се земја со најголем број на заразени во светот. Во оваа земја детектирани се 34.306.446 случаи на заразување со Ковид-19.

Земји во светот во кои бројката на заразени со Ковид-19 изнесува над 1 милион се: Индија со 29.359.155 заразени, Бразил со 17.301.220, Франција со 5.733.838, Турција со 5.319.359, Русија со 5.193.964, Велика Британија со 4.550.944, Италија со 4.241.760, Аргентина со 4.093.090, Шпанија со 3.733.600, Германија со 3.720.811, Колумбија со 3.694.707, Иран со 3.013.078, Полска со 2.877.243, Мексико со 2.448.820, Украина со 2.222.701, Перу со 1.998.056, Индонезија со 1.894.025, Јужноафриканска Република со 1.730.106, Холандија со 1.670.498, Чешка со 1.665.022, Чиле со 1.461.419, Канада со 1.399.716, Филипини со 1.308.352, Ирак со 1.246.860, Шведска со 1.083.456, Романија со 1.079.530 и Белгија со 1.074.988.

Во исто време, САД се и земја со најголем број смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус во светот. Ковид-19 е причина за смртта на 614.738 лица во Соединетите Американски Држави.

Земји во светот во кои од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубиле над 50.000 луѓе се Бразил со 484.350 починати, Индија со 367.097, Мексико со 229.821, Перу со 188.100, Велика Британија со 127.884, Италија со 126.924, Русија со 126.073, Франција со 110.344, Колумбија со 94.615, Германија со 90.398, Аргентина со 84.628, Иран со 81.796, Шпанија со 80.501, Полска со 74.562, Јужноафриканска Република со 57.592, Индонезија со 52.566 и Украина со 51.646 лица починати од Ковид-19.

Досега од заразеност со Ковид-19 оздравеа 159.667.299 лица позитивни на Ковид-19.

Во моментов во светот има 12.613.758 активни случаи на заразеност со Ковид-19, од кои 83.995 заразени се наоѓаат во тешка здравствена состојба.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın