свет, Коронавирус

СЗО ја стави „Модерна“ на листата вакцини за итна употреба

„Една од работите што се прават во рамки на процесот е да се прегледа како се спроведува производството“, изјави за новинарите портпаролката на СЗО, Маргарет Харис

Ekipa   | 01.05.2021
СЗО ја стави „Модерна“ на листата вакцини за итна употреба

ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека вакцината на американската фармацевтска компанија „Модерна“ ја ставила на листата за итна употреба против коронавирусот - петтата вакцина што доби итна валидација од агенцијата на ОН, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Една од работите што се прават во рамки на процесот е да се прегледа како се спроведува производството“, изјави за новинарите портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, на прес-конференцијата на ОН.

СЗО соопшти дека Листата на вакцини за итна употреба го проценува квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцините против Ковид-19, предуслов за снабдување со вакцини на системот Ковакс.

Ковакс е глобална иницијатива насочена кон правичен пристап до вакцините против Ковид-19 предводен од „Гави“, Алијансата за вакцини, Коалицијата за иновации за подготвеност за епидемии и СЗО. Исто така, им овозможува на земјите да го забрзаат регулаторното одобрување за увоз и администрирање на вакцините против Ковид-19.

Вакцината на американската фармацевтска компанија веќе е ревидирана од Стратешката советодавна група на експерти за имунизација при СЗО (SAGE), која даде препораки за употреба на вакцината кај населението.

Администрацијата за храна и лекови на САД издаде овластување за итна употреба за вакцината на „Модерна“ на 18 декември.

На 6 јануари, Европската агенција за лекови издаде одобрение за ставање во промет на вакцината низ целата Европска Унија.

Вакцината на „Модерна“ е вакцина базирана на мНРА-технологијата, нов тип на вакцина за заштита од заразни болести. Стратешката советодавна група на експерти при СЗО откри дека има ефикасност од 94,1 отсто.

Вакцината се дистрибуира како замрзната суспензија на темература од -25 до -15 степени Целзиусови во вијала со повеќе дози, вијалите може да се чуваат во фрижидер на температура од 2 до 8 степени Целзиусови до 30 дена пред подигнување на првата доза.

СЗО на листата за итна употреба ги стави и вакцините на „Фајзер/БајоНТех“, „АстраЗенека-СК“, индискиот Институт за серуми и на „Јансен Фармацеутикалс“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın